Страшно добри класични книги со неверојатна содржина и длабочина, но… со преработен наслов. Што кога најдобрите книги на сите времиња би биле објавени со нивната првична насловна верзија? Овие книжевни занимливости се прилично интересни за дискусија, бидејќи истите под оригинален наслов би произвеле многу поинаков свет. Прочитајте и насмејте се… споделете ги Вашите впечатоци во коментар, за да избереме најинтересен од нив!

1

– „1984“ на Џорџ Орвел првично била насловена како „Последниот човек во Европа“.
– Владимир Набоков својата „Лолита“ ја замислил како „Кралство покрај морето“.
– Џорџ Орвел има уште една своја книга, „Животинската фарма“ имала прв наслов – „Животинска фарма: Приказна, Сатира (или привремена сатира)“
– „Сонцето повторно изгрева“ е всушност „Фиеста“ на Ернест Хемингвеј
– „Големиот Гетсби“ на Ф.С. Фицџералд всушност… бил насловен со „Инцидентот во West Egg (Западно Јајце)“.
– Маргарет Мичел и безвременскиот „Однесено со виорот“ во суштина бил „Утре е нов ден“.
– „Војна и мир“ на Толстој со оригинален наслов звучел како „Се’ добро што завршува добро“.
– „Да се убие птицата која се потсмева“ била едноставно насловена како „Атикус“, со потпис на Харпер Ли
– „Господарот на прстените“ или „Војна на прстеност“… Толкин се одлучил за првото.
– Џејн Остин и нејзините „Гордост и предрасуди“ не избегале далеку од темата – „Први впечатоци“ е оригиналниот наслов.
– „Алиса во земјата на чудата“ е оригинално наречена само „Алиса“, на Левис Карол.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНесекојдневно видео за Blown Minded
Следна објаваЖивотот е подарок
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР