Во животот постојат моменти кога сите ние се прашуваме одредени работи за нашиот живот; што сме постигнале, дали сме задоволни и дали тоа е она што сакаме да бидеме? Незадоволен со својот секојдневен живот, Theron Humphrey, американски фотограф ја напушта својата работа во една од големите фото корпорации и заминува на едногодишно патување низ сите држави на САД. Овој потег го опишува како „луда идеја“, заминува со желба преку фотографии да ги документира малите секојдневни моменти кои го прават животот. Непосредно пред патувањето тој вдомува куче, Maddie кое го менува неговиот живот и идејата за патувањето.

Патувајќи заедно, Humphrey и Maddie се запознаваат и нивното дружење прераснува во проект, кој ја раскажува приказната на еден човек кој со неговото куче патува низ САД. „Maddie на работите“, проект за кучињата и физиката е збирка на 120 прекрасни фотографии. Не станува збор за фотографии направени во вистинскиот момент, бидејќи Maddie е куче со добра рамнотежа и стои на работите со извонредно држење и трпение.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

  • „Таа го гледа светот на начин на кој јас никогаш нема да бидам во можност да го погледнам или помирисам.“

Со животната приказна на Humphrey, Maddie прерасна во инспиративен лик во приказната за вистинските вредности во животот. Многу километри оддалечени од стресното работно место, оставајќи ги своите материјалистички идеали зад себе, Maddie му помага да се пронајде себе си и да создаде спомени вредни за сеќавање.

14

15

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКнижарница на вода | Libreria Acqua Alta
Следна објаваЖивотот не е пронаоѓање на себеси, туку создавање на себеси
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР