„Од моментот кога ќе започнам со нов роман, животот ми се трансформира во едно бескрајно мачење. Првите неколку поглавја знаат да одат прилично добро и јас може да се почувствувам дека всушност, имам шанса да ја докажам мојата вредност, но, тоа чувство наскоро исчезнува и секој ден се чувствувам помалку и помалку задоволен. Јас почнувам да кажувам дека мојата книга не е добра, дека е далеку инфериорна во однос на моето последно дело, додека јас ја исцедив тортурата од секоја страница, секоја реченица, секој збор… и многу запирки, кои прават истата да изгледа грдо. Потоа, кога ќе заврши – какво олеснување! Неблагородно задоволство на еден господин кој оди во екстаза на она што го создал, со огорчено олеснување кое го намалува товарот кој веќе му го уништи грбот… И тогаш, почнува одново.

1

Одново почнува да го цица животот од мене, за јас да завршам бесен на себе за недостатокот од талент, за да оставам позади себе полу-завршена работа, поголем куп книги и лага на мојата смртна постела исполнета со страшни сомневања за задачите кои не ги завршив – со прашалник дали она што го завршив, го завршив на вистинскиот начин, дали јас не требаше да постапам вака или онака; изразувајќи го мојот последен здив пред смртта, со желба дека би го правел истото, одново и одново!“

– Емил Зола

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСамо за деца
Следна објаваBurberry | Очила и музика
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР