Првата книга на Ден Браун по 2009 година, магично ќе се појави на полиците следниот месец – читателите се крајно возбудени по овој повод, кој поради носталгијата предизвикана од неговото отсуство, кој поради адреналиот кој истиот го пружа. Заборавениот симбол за многумина означува благо разочарување, но тоа не го побива фактот дека Браун важи за еден од најмаркантните автори на модерната книжевна сцена. Може да го сакате или да го мразите Браун: се’, освен да бидете индиферентни кон него, независно дали ги сакате темите поврзани со уметност кој се преточуваат во трилер со заговорна суштина, како што обично завршуваат романите на Браун. Откако ја најавивме насловната страница на „Пеколот“, имаме нови вести.

1

„Пеколот“ го враќа симбиологистот Роберт Ленгдон во Европа (иако повеќето од читателите се надеваа дека Ленгдон серијалот завршува и дека Браун ќе продолжи со животот), така што Tasha Brandstatter прави извесни предвидувања за текот на пеколната приказна, а која е историчар на уметност и слободен писател која е активна на повеќе блогови и која ја презентира убавината и вистината за книгите на еден необичен начин. Следуваат нејзините оправдани предвидувања за новиот пеколен роман.

2

1. Наука

Секогаш има некој срамен елемент на науката во приказната за Роберт Ленгдон. За „Пеколот“, Brandstatter смета дека ќе дојде до 3D печатарски ефект кој ќе ги врати луѓето од мртвите. Тоа најверојатно не е доволно за срамота, така што најверојатно ќе стане збор за некое воскреснување. И реката Арно ќе тече наназад, според нејзиното претчувство.

2. Уметност

Кој сака уметност, невозможно е да не ја смета Фиренца за нејзин врв. И невозможно е да се заобиколи Микеланџело кога станува збор за Фиренца! Што прави Tasha Brandstatter да се посомнева дека ќе постојат тајни пораки скриени во Лаврентијската библиотека кои ќе бидат некако врзани за статуата на Давид. Таму, исто така, ќе има тајна порака во фреските на Nardo di Cione, во градината на Ботичели или во статуата на Венера, каде истата може да се врзе за култот за божица-под-парцела. Тука патем, може да се вметне и капелата на мудреците во палатата на Медичи и, секако, фреските во Свети Марко.

3. Тајно друштво

Што е роман на Браун без тајно друштво кое кова заговор? Еднакво на роденден без торта. Три збора: Медичи и скриено злато. Ох да, ќе има злато.

4. Религија

Исто како што е сигурно дека ќе има тајно друштво, сигурно е дека ќе има религиски елемент – излишно е да Ви кажеме дека најверојатно Савонарола ќе има една од поглавните улоги. Врзан со златото. И со Медичи.

5. Локации

Постојат мал милион религиозно-уметнички сајтови од Фиренца, кои му пружаат на Браун повеќе информации отколку што може да побара. Но, според Tasha Brandstatter, во прилог на локациите спомнати погоре – Ленгдон ќе најде изговор да оди во Санта Марија дел Фјоре, позната како Дуомо, што е прилично очекувано. Базиликата Санта Кроче, Фиесоле и Орсанмичел не се изоставени бидејќи се прилично нејасни.

6. Романтика

Зарем заборавивте на стариот добар шармер и неговиот, секогаш различен партнер од понежниот пол?

7. Одамна загубените љубови

Ако Браун има нешто уметничко во стилот на Ленгдон, тогаш сме ставени во размислување дека некоја од бившите негови љубови ќе се појави во Пеколот. Или барем, ќе го постави во Данте-Беатриче конекција, водејќи го низ лавиринтите на Фиренца, низ нејзината религија, тајните друштва, уметноста и науката. И љубовта, секако! Да се направи поинаку е остро губење на можноста да се истакне емоционалната страна на Данте. Читателите навистина ги интересира како е Беатриче претставена во приказната и речиси секој еден од нив е нестрплив да дознае кој се’ е заглавен во Пеколот…

Нема дилема кој ќе биде на врвот на летните книжевни листи, веднаш по 10 годишнината на „Кодот на Да Винчи“ – романот кој веднаш по издавачкиот акт е најпродаваниот роман на сите времиња со 81 милион копии во тврд повез. Се очекува „Пеколот“ исто така, да ги изгори поставените рекорди.  Во Канада, промоцијата е закажана за 14 мај како светската премиера, додека во САД истата ќе се одржи веднаш утредента, во Линколн центарот.

3

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваUndercolors of Benetton | костими за капење ’13
Следна објаваMad Men во 2013та
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР