Декларирајќи се како остро интелегентен и луциден трилер чиј ентузијазам се среќава во мистериозно убиство на стариот кустос при Лувр, фасцинантната кулминативна точка повлекува факти искорнати преку 2000 години од западната историја – во тивките уметничко автентични сали на најпознатиот музеј на светот, во срцето на Париз е убиен старец во ноќта, чин зад кој се верува дека е врзан за злокобен заговор за да се открие високо заштитена тајна, чиј штит стои во општествените кругови уште од деновите на Исус.

Да му се укаже на некому за значењето за симболот е исто како да му се каже како музиката треба да делува на нив„ – моментот на мистериозната смрт на кустосот пропратена со збунивачки број е енигма кое може да се одгатне од страна на неговата внука Софи, истакнат криптограф, со помош на Роберт Ленгдон, кој случајно се случува да престојува во Париз. Крајно изненадени од развојот на загатката, се доведуваат во состојба да следат траги сокриени во самите дела на Леонардо Да Винчи, ингениозно маскирани при неговото сликање.
Ленгдон ги здружува силите со Софи, за да дознае дека нејзиниот дедо бил дел од Сионскиот Приориум – реално тајно друштво чии членство ги инволвира Њутн, Ботичели, Иго, Да Винчи, меѓу другите. „Она што навистина е важно е она во што веруваме„ односно „Верата е прифаќање на она што сме замислиле да е вистина, а во суштина не може да го докажеме“ во громогласна посветеност на расветлување на случајот преку Франција и Англија чие збунување ги води Брауновите херој и хероина во судир со Опус Деи, конзервативната католичка организација. И обете, со свои сопствени причини, бараат гаранција дека Светиот Грал ќе остане непронајден.

Дали насмевката на Мона Лиза ќе ги одведе на вистинскиот пат да се открие долгочуваната извонредна историска тајна преку дешифрирање на лавиринтска загатка со вештина на избегнување на безличниот противник чии сенки го следат секое движење на Роберт и Софи со експлозивни примеси – на старата вистина и се заканува неверојатна интерпретација. „Историјата секогаш ја пишуваат победниците – кога две култури ќе се судрат, губитникот се поништува, а победникот ги велича своите причини омаловажувајќи го поразениот непријател. Како што Наполеон рекол: „Што е историјата, ако не е договорена приказна?, што не води до реалната состојба на темата: иако истата се коси со начелата на христијанската вера, во извесна доза на тематска сличност со „Ангели и демони“,  содржината на Браун користи и делува како богата храна која поттикнува размислување

СПОДЕЛИ
Претходна објава3Д улична уметност | Tracy Lee Stum
Следна објаваВистински подарок за DJ
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР