Доаѓањето на пролетта и убавото сончево време значи и враќање на очилата за сонце како неизбежен моден детал. Цветните очила, и цветните детали воопшто, се исклучително модерни оваа сезона. Затоа, во денешниот направи сам предизвик ви претставуваме идеја како на старите и помалку здодевни очила да им дадете целосно нов, цветен изглед, со што ќе заштедите од купување на нов пар скапи очила, а целосно ќе блеснете во сјајот на пролетта.

01

Потребно ви е:
– стар пар очила (совет: нaјдобри за оваа намена се оние во облик на ,,мачкино око’’ бидејќи имаат повеќе простор за нанесување поголеми декорации)
– цветни декорации
– лепило
– дрвено стапче
– чепкалки за заби

02

Начин на изработка:

Изборот на боја, број, големина и површината на која ќе ги нанесете цветните декорации останува на вашата желба и замисла. Она до што треба да се придржувате е начинот на изработка кој е наједноставен и најуреден за прилепување на додатоците. За таа намена, нанесете го лепилото на дрвено стапче (помала количина, бидејќи брзо се згуснува), а потоа со чепкалка за заби нанесете малку од долната страна на цветната декорација, или пак, на рамката од очилата каде треба да го прилепите. Цветната декорација прилепете ја на надворешната страна на рамката, држејќи посилно 1 минута, додека не се засуши лепакот. Потоа продолжете со истата постапка со останатите цветови, во посакуваниот правец, и со дизајн кој вие  ќе го одредите. Во продолжение ви претставуваме неколку креативни идеи за таа намена.

090899788

787878

8676767

sunnies

w

767887686

059_thumb[2]

IMG_4266

767677

76876

676767

767686765

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВила од бајките | Ирина Тошева на FWSK 7
Следна објаваРеакција на дожд | Skurktur
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

1 коментар

Comments are closed.