Ако се согласивме дека библиотеката е најмоќниот симбол на вредностите во еден град, дека таа важи за заобиколување на   сиромаштијата на изразување и вреднување на истата како катедрала на душата, тогаш истовремено се согласуваме со следните 5 поимања на библиотеките според познатите автори. Од вреднување на можноста да се посетува библиотека до историската истрајност – секој еден од нив на свој начин на доловува суштината на важноста на овие згради од вредност.

1

„Сметам дека при излезот од библиотека, јас сум во фаза на она што го нарекувам библиотекарски благослов – да се биде целосно дефокусиран од неприликите во животот.“
– Трејси Шевалие

„Библиотеката подразбира чин на вера низ генерации, која додека се криеше во мракот, се најави од ноќта дека преминува во светлината на денот.“
– Виктор Иго

„Јавните библиотеки се најтраен и најверен споменик за зачувување на некој настан, име или љубов; затоа и само затоа е почитуван од страна на војните и револуциите, така што опстанал и покрај нив.“
– Марк Твен

„Библиотеките ја генерираат енергијата која ја надополнува фантазијата. Тие се отворени прозорци кон светот, не инспирираат да истражуваме и постигнеме, да придонесеме за квалитетот на нашиот живот. Библиотеките го менуваат животот кон подобро.“
– Сидни Шелдон

„Нашата генерација на запад имаше среќа – имавме материјали за читање. Имавме книги, хартија, наставници, училишта и библиотеки. Но, многумина во светот не го уживаат овој луксуз – како да се живее без вакво нешто? Како може да пишуваме доколку не сме биле во контакт со книги?“
– Маргарет Етвуд

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕвропа во очите на анонимен уметник
Следна објаваДецата како инспирација | Laimonas Smergelis
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР