„Игор Маџиров. Душа – памук! Црвена коса – оган! Mаж – дете!
Игор, Малиот Принц од бајките, прерано замина на својата планета. И стрпливо не чека таму, зашто знае дека секој крај е нов почеток, секоја разделба е нова средба.“

– Синоличка Трпкова

Во чест на животот и делото на прерано починатиот актер на македонската театарска сцена, Игор Маџирот, познат како Принцот од најубавите бајки, црвенокосото момче кое го маркираше серијалот „Во светот на бајките“ и замина во легендите пред своето време. Промоцијата на новиот документарен филм со наслов „Интервју за Игор Маџиров’“ се случи вчера, под покровителство на неговата facebook fan page, каде составот на продукција се одвиваше: музика: Зоран Маџиров; камера: Филип Кондовски; монтажа: Олгица Поцкова; режија: Драган Довлев. 13 години по неговата смрт, тој продолжува да живее во сеќавањата на македонската јавност, како своевиден Петар Пан – вечната младост на црвенокосото момче…

1

1

2

3

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Прстен од лажица
Следна објаваLove is in the Air
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР