По долгата апстиненција од музичката сцена и неодамнешната венчавка со Џесика Бил, миленикот на милиони девојки ширум светот повторно им ги згреа срцата со визијата за безвременскиот кавалер во „Suit and Tie“, иако предизвика серија поделени мислења за квалитетот и изборот на промотивната нумера на неговиот нов албум. Во продолжение, следува неговиот втор сингл кој носи наслов „Mirrors“, а е потпишан од Тимберленд. Ако уживавте во стилот на Џастин од 2002 година, односно секогаш омилената „Cry me a River“, верувајте дека ќе уживате во добро-познатиот рецепт за скршено срце на овој, и не веќе толку достапен, миленик на женската популација. Своевидно огледало каде лицето и опачината на истото се во временска пропорција 2002/2013.

1

2

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Плик-чанта
Следна објаваГолемиот плоштад | Брисел
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР