689_37_9_13__26__3_201295„Секој пар треба да се расправа одвреме-навреме. Само да се докаже дека нивниот однос е доволно силен за да преживее.“

Но, дали треба да се поместуваат границите на толеранција во името на љубовта? Оние елементи кои остануваат во засолниште, кое не секогаш е показател на безбедност, повлекува заканувачки елемент надвор од нормалните животни перипетии. Приказната се врти околу животот на Кејти, која се сели во друг град за да избега од својот насилен сопруг. Одлучна да се сепарира од сите, таа го запознава Алекс – татко на две деца, кој прерано ја загубил својата сопруга. Веќе почна да Ви се чини како клише? Секако дека ваквата резервираност е оправдана, се’ додека трае нивното запознавање, оформувањето вонсериски однос и близина која се негува векови наназад. Со очигледен мајчински однос кон неговите дечиња, но без да се обидува да ја замени нивната мајка; Кејти е толку слатка и совршено несовршена, создадена по веќе здодевната шема на Спаркс. И, токму во моментот кога ќе помислите дека „ова е само вообичаено сценарио на Спаркс“, неизвесноста започнува да се позиционира како водечки фактот. Кевин, сопругот на Кејти се појавува во крајбрежниот град во Северна Каролина. Детектив по професија, лесно ги детектира нејзините траги и ја наоѓа во нејзиното засолниште. Допирот на авторот во една така чувствителна и на наша несреќа, често применлива тема за насилството врз жените е апсолутно неверојатен. Причината поради која Кејти бега од Кевин е тоа што тој е хроничен алкохоличар кој не поседува контрола врз личноста и сето воспитание и социјализација не влијаат врз неговиот грозоморен чин на малтретирање на личноста која ја избрал за негова животна сопатничка. Иако истата таа личност го пронајде своето безбедно место во рајот покрај Алекс, Кевин не се откажува од својата сопственост…

„Длабоко во своето срце, таа не беше сигурна дали заслужува да биде среќна, ниту пак веруваше дека е достојна за личност како него.“

Кејти е личност која ќе ја засакате во инстант, додека Кевин ќе одлучите да го мразите уште пред да го запознаете. Додека Алекс е само пример на момците вредни за вљубување, момците кои ќе Ви ја вратат вербата во љубовта, животот, вредноста на врската. Must read за сите оние кои навидум се нашле во ситуација на врска со притисок, опасност од насилство и недоволна храброст да се спречи пред да се лечи – иако предупредувањето стои дека може да се соочите со „веќе видено“, приказна за маж и жена, љубов и прогонувачко минато, факт е дека талентираноста на авторот прави да се чувстувате зависни и желни за повеќе и повеќе…

„Љубовта не значи ништо доколку не сте подготвени да се жртвувате, да размислувате за потребите на двајцата, наместо само за себе. И не само во моментов, туку и во долгорочна иднина.“

Искри кои ја формираат тензијата кон крајот, интересна и одржлива позадина и секако, без претенциозно поентирање кон женската публика, искрите се комплексно ткаени и атрактивно поставени на брегот од Северна Каролина. Заробеноста во навредлив брак и бегството од истото за да го намали неспокојот во душата – да заврши во прегратките на совршениот маж… доволно носталгично, ветувачко и охрабрувачко. И во најмрачниот час, љубовта е единствено вистинско прибежиште.

Никогаш не си дозволувајте да испуштите некоја приказна на Спаркс. Кога ќе ги соберете сите негови книги на едно место, тешко дека ќе изберете омилена. Освен ако не се препознавате во некоја од нив!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBajau | Жители на морето
Следна објаваAвтомобили: Некогаш и сега
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ