Секое човечко суштество тежнее кон одморање и релаксација од секојдневните обврски и тоа каде подобро ако не во удобноста на својот дом? Омилениот простор во домот зависи од индивидуалните желби и потреби во конкретниот момент – може да биде каучот пред телевизорот, удобната спална соба, терасата или дворот…опциите се бројни, но нашиот предлог е катче крај прозорецот, како совршеното место за релаксација во домот.

6

Верувам дека нема личност која не би посакала вакво место во домот, место каде би се ‘скупчиле’ и би прочитале некоја добра книга, би пиеле топол чај додека уживате во глетката низ прозорецот. Поставување на вакво место во домот бара добро планирање на просторот и одредување на вистинското место: неискористен простор во домот, ходникот, или пак дел од детската соба кој се наоѓа пред прозорец. Просторот за седење може да биде долап во ѕидот или додадена комода со шкафчиња над која ќе поставите перничиња за седење или пак мали душеци.

Доколку Ви дозволува просторот направете си вакво катче, кое покрај тоа што ќе Ви служи за релаксирање, ќе додаде шарм на целокупниот изглед на Вашиот дом. Погледнете ги идеите кои ги подготвивме за Ваша инспирација кои несомнено ќе Ви послужат при креирање на вакво интимно катче крај прозорецот.

1

2

3

4

5

7

8

9

10

11

12

13

14

16

17

18

19

20

21

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВремето кое поминало – само тоа не се враќа
Следна објава3.1 Phillip Lim | Машка колекција
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР