Кога времето надвор е студено, библиофилите имаат тенденција да хибернираат со своите книги. Но, што може да се смета за забавна активност од социјален карактер во затворен простор (и која не подразбира само една личност)? Друштвени игри со теми од најпознатите романи на светот! Во целина, нашиот избор е сконцентриран од фикција до класика, но, не интересира кој од предлозите го сметате за најзабавен? Споделете со нас во коментар.

1

Гордост и предрасуди

Универзалната вистина е дека Џејн Остин ги постави темелите на женскиот карактер во денешна смисла на зборот, но тоа не значи дека машките карактери се потценети или омаловажени – во суштина, оваа игра е сведена на тоа кој прв ќе стигне до Црквата за да стапи во брак. Дали Елизабет ќе го однесе г-дин Дарси пред олтарот или обратно, зависи од играчите.

2

1984/Животинска фарма

„Сите животни веруваат дека 1984 беше одлична година за Животинската фарма, барем Министерството на вистината тврди така“ – следејќи го размислувањето на Орвел, оваа игра бара итрина, остоумност, способност за преговарање, блефирање, тајност и епско предавство. Звучи прилично дисутописка, но бизарноста на истата ја прави уште поинтересна.

3

Малиот принц

Во насока да ја заштити својата планета од Баобаб дрвото, на француски начин, со духовитост и детинетост да се заштитат цвеќињата од заканата дека никогаш повеќе нема да расцутат.

4

Моби Дик

Обидете се да дојдете на ниво на играта на Белиот кит: обидете се да добиете најдобра цена во изборот на Вашиот грозоморен начин да го повредите белиот монструм. Зошто, ќе се запрашате? Зошто оној кој ќе добие најмногу злато, тој е победник.

5

Името на розата

Во оваа игра, врз основа на историското мистериозно убиство на Еко, играчите се во суштина, монасите кои се обидуваат да ги соберат сомнителните точки за да го откријат идентитетот на убиецот. За среќа, блефирањето е кец во ракав за да се победи.

6

Беовулф

Предупредување: никој не успева да биде Беовулф. Секако, борбата против Грендел и враќањето во Гитленд завршува со херојско умирање во поразувањето на змејот. Сите играчи се дел од екипата на Беовулф, обидувајќи се да го качат на тронот.

7

Дон Кихот

Според творците на оваа игра, целта е двојна: да се доближи Сервантес до публиката и да се промовираат териториите на Ла Манча. Постојат двајца играчи – Дон Кихот и Санчо Панса, каде дополнително се бираат соработници. Бирајте во Вашиот тим мудро, затоа што ќе се соочите со бесните ветерници!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Galliano Royal
Следна објаваПолици со череп | James Hopkins
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР