Вториот кат од поранешниот Paris Department Store, каде што во моментов е лоцирана Alexandra Bookcaffee, важи за едно од најелитните кафе-книжарници во срцето на Будимпешта. Вистински показател на најубавите книжарници на светот! Ентериерот нуди лепеза од прекрасни лустери и фреска-стил на таванот, насликани од Carol Lotz – авторот на сликите кои ги красат просториите на унгарскиот Парламент.

Грандиозниот простор кој потсетува на палата прави посетителите да се чувствуваат како да се во аристократска резиденција, која некогаш била карактеристична за Andrassy авенијата. Она што ја прави оваа кафе-книжарница различна од било која друга е самата комбинација на ентериер и екстериер: фин пример на Art Nouveau, додека атмосферата потсетува на ренесансна сала за танцување. А, шлагот на тортата не смее да се заобиколи – покрај кафе, менито содржи мини гурмански порции по разумни цени.

1

2

3

4

5

6

7

8

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Фото-ѕид
Следна објаваПишани силуети | Spineless Classics
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР