Donald Roller Wilson е уметник чии дела се насекојдневни поради нивната оригиналност. Роден е во Хјустон, Тексас, во 1938 година. Неговите слики имаат многу невообичаен реализам бидејќи тој е еден од уметниците кој се користи со техниките на старите мајстори. Според критичарите: „Сликите можеби се глупави, халуциогени, стариот мајсторски стил на сликање во комбинација со кучиња, мачки, мајмуни во антички костуми можеби е кич, но тоа е високо квалитетен кич.“

Тој е креатор на познати ликови како: Cookie the Baby Orangutan, Jane the Pug Girl, Jack the Jack Russell “Terror,” Loretta the Actress Cat, Miss Dog America и Patricia the Seeing Eye Dog of Houston.

Сликите кои ние ги издвоивме од сите негови дела, ги претставуваат нашите предци, според Дарвиновата теорија, секако. Мајмуните се претставени како карактерни суштества, или ние би кажале: сликите што следуваат ги претставуваат нашите предци со нашите нови особини со кои сме се стекнале во процесот на развој, имаат пороци, се заљубуваат и имаат свои миленици. Погледнете ги сликите, можеби ќе ве замислат или насмеат, но сигурни сме дека ќе Ви се допаднат.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Футрола за мобилен
Следна објаваПоглед во иднината на книгите
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР