Зборувајќи за импактот кој големите литературни великани го оставаат врз светската јавност, со акцент на големиот Достоевски, ги сепарираме големите имиња на книжевната сцена. Продолжувајќи кон запад, се концентираме на Иго: приказната за триумфот на човечноста, искажана преку прашалната аналогија на „Кој е монструмот, а кој човекот?“ во „Ѕвонарот на Богородичната црква“ и разработката на социјалната неправда како темел на неговите „Клетници“; фокусирајќи се на три области на кои алармантно е потребна реформа – образование, правда и третман врз жени. Осудениот неморал кај обичните смртници е само негативен производ на комплетно нездравиот систем и долгорочните ефекти од Француската револуција.
Стоејќи на став дека на „ниту една светска сила не е моќна како идејата на која и е дојдено времето“, Иго длабински навлегува во човековата психа истражувајќи ги најискрените емоции и едноставно објаснувајќи ја смислата на постоењето. Љубовта, рационалноста и вербата се подлога на која тој го заслува пиедесталот на божествен автор години и години по својата смрт.
„Што е љубов? Сум сретнал на улица многу сиромашен вљубен човек. Со стара шапка, изветвено палто и чевли кои пропуштаат вода, но со ѕвезди во неговата душа.“
„Бидете храбри за најголемата тага во животот и имајте трпение при малите препреки; кога ќе ги завршите сите обврски, заминете да спиете во мир. Бог е буден.“
„Дури и најтемната ноќ ќе заврши и сонцето повторно ќе изгрее.“
„Да се љуби значи да се види Бог во лицето на љубеното лице.“
„Најголема среќа во животот е убедувањето дека сме сакани – сакани поради тоа што сме, или подобро кажано, сакани и покрај се.“
„Одредени мисли се молитви: постојат моменти кога, независно ставот на телото, душата стои на колена.“
„Смеата е сонце кое ја брка зимата од човечкото лице“.
„На луѓето не им недостасува сила, им недостасува волја.“
„Имагинацијата е интелигенција во ерекција.“
„Ништо не го прави човека крајно авантуристичен како празниот џеб.“
„Вие, кои страдате поради тоа што љубите, љубите уште повеќе. Да се умре од љубов значи да се живее со неа…“
„Интелигентниот пекол е подобар од глупавиот рај.“
„Иднината има неколку имиња. За слабите, таа е Невозможна, за малодушните – Непозната; но, за храбрите, таа е Идеална.“