Под претпоставка дека иако во денешно време децата едвај го напуштаат местото пред компјутерот за да си легнат, истите би посакале да им прочитате приказна за добра ноќ. Наместо обично наредените книги на полица, на Вашето најмило би му било полесно да ги гледа ликовите на своите омилени приказни во прво лице и да избере што сака да слушне за приказна пред спиење. Со оваа интересна форма на полица која се одржува на платно зацврстено за ѕидот преку метална шипка. Размислете надвор од кутијата – преку дезените кои ги нуди Etsy store оваа полица не се задржува само на детската соба, таа може да послужи за декоративен елемент на Вашата дневна соба или во краен случај, во тоалетот каде што би чувале списанија. Полиците доаѓаат во две величини: L за повеќе книги,  додека S е за помалку. Најинтересен е моментот што оваа идеја може ефикасно да послужи за „направи сам“ категорија. Во секој случај, ефектот е постигнат.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМашки тренд | Париз во 60тите
Следна објаваЖивотен циклус на модните трендови
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР