На наше особено изненадување, не само што читањето прерасна во навика и тренд, исто така, Македонија бележи активно инволвирање во светот на литературата од другата страна – авторството како хоби, професија, бегство. На денешниот репертоар се приказните со потекло од имагинарниот град Кромијан, производ на имагинарните маргини на човечкиот ум кои ја доживуваат светлината на денот на листови хартија.

1. Почетокот, како по рецепт, мора да е едноставен. Кој е Маринко Наумов и од каде потекнуваат „Кромијанските приказни“?

Маринко Наумов е едно младо момче, малку загубено во времето и просторот, и би се рекло дека ќе удри во бандера, но знае да изненади и да чита книги на жицата.
Малку претерано.
Значи, јас бев еден обичен средношколец, сега студент по медицина. Не сакам многу да зборувам за себе, оставам луѓето да откријат кој сум и што сум. Во тоа е и забавното нешто, да изненадиш некого безразлика дали е тоа позитивно или негативно изненадување.

Кромијанските приказни потекнуваат од една мала идеичка, која едноставно ме изненади еден ден додека одев по улица. Едноставно, знаев што ќе се случи. Знаев зошто се случило тоа, мислам поточно зошто антигонистот го сторил тоа. Прво помислив дали ми звучи разумно или пак е една обична минлива мисла, почнав да пишувам на свои петнаест години. Тогаш ми дојде првата идеја и мисла. И воопшто, не ни преставував дека ќе се развие во толку големно нешто, една прекрасна приказна со епски димензии.

2. Од каде идејата да се напише книга, судејќи по непросперитетната позадина на Македонија во литературни рамки?

 Сакав да ја напишам, бидејќи ми изгледаше интересна. Книга што би сакал јас да ја читам. Искрено, не размислував многу за тоа како ќе ја објавам, тоа го оставив многу подоцна. Ми беше поважно прво да ја напишам книгата. Не ме оставаше на мир. Ја пишував околу три години, но со здраво и исцрпно пишување се занимавав околу осум месеци. И конечно, после три години мислење, нервози, цепење мозок, убивање на ликови, создавање нови, развивање на дејството, настаните и секако се трудев да внимавам колку што може да е поразумно и логично, ја добив книгата. Логиката е студена, но сепак е неопходна за едно дело. Издавањето, беше сосема друга приказна. Од се срце благодарам на личностите кои ми помогнаа книгата да ја види дневната светлина и да се најде на нечија полица.

3. Што обработуваат твоите приказни?

Се трудев, колку што можам пореално да ги прикажам животите на моите ликови. Секој од нив си имаше своја приказна, свое минато. Сите беа поврзани на некој начин меѓу себе. И тогаш се вмешува фантазијата. Нештата стануваат поинтересни и се гледаат од друг агол. Но, највеќе од се е прашањето : Дали сме сами? Дали сите оние бајки, митови, легенди, преданија се обична измислица на народот за да си најде одговор на неговите прашања или пак во нив постои и некоја вистина.
Кромијанските приказни посебно ставаат акцент на младите. На нивните животи, околина и како се обидуваат да се вклопат или пак да одскокнуваат од општеството. Секако, поинтересно е кога се двишиш подалеку од оние граници кои ги сметаат за нормални и до кои би требало да се придржуваме.

4. На каков фид-бек наиде со издавањето на делче од сопствената душа?

Најмногу ме изненади односот на луѓето. Можам да кажам дека многу лица се променија откако дознаа дека објавувам книга. Ги изненади тој факт, и започнаа поинаку да се однесуваат. Тоа ми пречеше отпрвин, но потоа сфатив, дека јас не се променив воопшто, си бев оној истиот, но тие се сменија, и го покажаа нивниото вистинско лице. Книгата се покажа како доста успешна. Многумина ја прочитаа и ја читаат и добивам доста позитивни но и по некоја негативна критика. А со самиот факт дека некој ја прочитал приказната, тоа и дава живот. Ниедна приказна нема да постои, ако нема лица кои сакаат да ја слушнат. Тоа го има изјавено ЏК Роулинг, мојот идол.

5. Што значи да се биде млад и надежен писател?

Сеуште живеам со надеж дека некоја од нашите издавачки куќи ќе покаже интерес за моето дело, бидејќи навистина вреди. Не го кажувам тоа бидејќи сум го напишал, туку бидејќи ја знам неговата вредност. Секоја книга содржи порака и приказна, како и способност да промени нечиј живот.

6. Која е предноста, а која е маната на професионалното пишување?

Професионален писател е аматер што не се откажал. Со пишувањето и читањето освен што ја добиваш способноста да ја развиваш твојата фантазија и имагинација во овој свет на сивило и секојденвна депресија и криза, ти дава шанса да избегаш од него. Да се одмориш, и да се наполниш со енергија за да се бориш повторно. Отсекогаш ми се допаѓа начинот на кој се развива една идеја. Не постои добра или лоша идеја, постои само таа како идеја. А како ќе се развие и последиците од неа, се едно идно време, кое ќе покаже дали вредело да се оствари идејата. Едноставно се забавуваш размислувајќи, иако некогаш е доста заморно, посебно кога не си сконцентриран, но на крајот секогаш прераснува во прекрасна идеја. Постојат и оние моменти кога едноставно ти се блокира се. Без идеја каков чекор да се превземе или како да се раздвижи дејството. Тој е многу опасен момент, бидејќи можеш едноставно да уништиш се што си создавал и да се откажеш. Тогаш навистина губиш.

7. Што би сакал да споделиш како совет за оние кои те читаат и оние кои би требало да те прочитаат?

Читајте, бидејќи во книгите е вечниот извор на мудроста. Читајте се што ќе ви дојде при рака, бидејќи не постои нешто поубаво од пишаниот збор, со кој продожуваш да живееш, дури и откако ќе те однема.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛетечки куќи
Следна објаваМаса-лулашка
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР