Независно дали се вбројувате во категоријата на вечни книго-холичари или повремени уживачи во пишаниот збор, неоспорен е фактот дека секому одвреме-навреме му годи да прочита добра книга.
Но, дали сме способни да ги именуваме 10те најчитани книги во светот?

Во текот на последниот век, стотици илјади книги се напишани, испечатени и продадени; но само 10 од нив станаа најбарани низ книжарниците ширум светот – во продолжение, следуваат најголемите книжевни дела од страна на високо талентирани автори кои ја исполниле суштинската љубопитност на читателите. Овој сумарум од 10 најчитани книги се должи на авторот Џејмс Чепмен и неговата страст за пишување која го натерала да го направи овој проект. Според него, чест е да се знае дека во овој модерен свет сеуште постои уживање во читањето и што оваа активност сеуште завзема значително место во нашето секојдневие. Долу прикажаните бројки ја илустрираат висината на испечатените копии, но не се зема во предвид ре-читање на истата книга. Согласно продажбата на тие копии, направена е ранг листа чиј старт следува инверзно.

10. Дневникот на Ана Франк – Ана Франк (27 милиони копии)
Дневникот на една млада девојка кој е созададен за време на пеколните две години криенка на територија на Холандија, додека трае нацистичката окупација. Книгата се смета за еден од клучните текстови на 20тиот век и една од најпотресните приказни воопшто раскажана.

9. Помислете и станете богати – Наполеон Хил (30 милиони копии)
Мотивациска книга која цели кон личен развој и себе-усовршување, која според авторот, е инспирирана од шкотски-американскиот милијардер Ендрју Карнеги. Економска форма на Џозеф Марфи, меѓу другото.

8. Одвеано со виорот – Маргарет Мичел (33 милиони копии)
Романтична драма поставена во Џорџија за време на Американската граѓанска војна. Драма која ги следи животните линии на Скарлет О’Хара, ќерка на ирски емигрант и сопственик на плантажа. Романот е добитник на Пулицерова награда и Оскар за истоимената филмска адаптација.

7. Самрак – Стефани Мајер (43 милиони копии)
Сагата која внесе свежа крв во литературата изнесувајќи на виделина една забранета љубов, стана исклучително популарна како на хартија, така на големото платно. Млада девојка се вљубува во вампир, додека тој нејзе ја смета за нешто на кое чекал 90 години.

6. Кодот на Да Винчи – Ден Браун (57 милиони копии)
Фантастична приказна, чие американско производство не не изненадува – приказната ја следи истрагата на симбиологистот Роберт Ленгдон, почнувајќи од бизарното убиство во Лувр, Париз. Додека брканицата по докази и осветлувањето на мистичната Мона Лиза трае, во позадина се развива друга приказна… Приказната добива своја екранизација со Том Хенкс во главната улога.

5. Алхемичарот – Пауло Коелјо (65 милиони копии)
Објавена во 1987 и од тогаш, важи за бестселер: со 65 милиони копии, стана средина на најпродаваните книги во историјата. Преведена на повеќе од 67 јазици, за што влегува во Гинисовата книга, не само што го прави Коелјо најчитан, туку и највлијателен автор на денешницата.

4. Господарот на прстените – Џ.Р.Р. Толкин (103 милиони копии)
Епска фантастична приказна која настанува во умот на филологот Толкин, како продолжение на помалку сложената „Хобитот“, приказна која успеа да доживее филмска триологија содржана во фанстастична акција и одржувајќи ја популарноста на прстенот.

3. Хари Потер – Џ.К. Роулинг (400 милиони копии)
Драстична разлика по повод фантастичната серија од седум романи на британката Роулинг – и децата и возрасните се фасцинирани од длабочината и карактерот на оваа приказна, што независно дали книгата или филмот, а најчесто и обете, им се прв избор за восприемање на авантурите на младиот херој.

2. Цитати од делата на Мао Це Тунг (820 милиони копии)
Или најчесто нарекувана „Малата црвена книга“ на Це Тунг, е лично објаснување на народот на Кина, согласно идеологијата на кинеската Комунистичка партија. Продадена во бројка преку 800 копии, и ден денес, Мао Це Тунг не губи од својата популарност.

1. Библијата (3900 милиони копии)
Сеуште останува на врвот, како најчитана книга на светот. Создадена да го објасни Божјото дејство врз светот, води кон откривање на неговата цел при сето создание. Иако нејзиното издавање се препишува шестнаесет векови наназад, иако таа важи за неверојатна колекција од 66 книги и 4 евангелија, низ кои струјат пораките на Бога – додека луѓето веруваат, таа не ќе изгуби на вредност.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа меѓународниот недостиг од храна
Следна објаваОпседнати | Unholy Wine Collection
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР