837 фотографии спакувани во едноминутно видео раскажуваат цела животна приказна. Кусиот филм ,,Од љубов до бинго” (,,From love to bingo’’) изненадува, прикажувајќи 15 различни фотографии во една секунда – брзина која овозможува без никаков текст и во само 1 минута да се раскаже мошне занимлива сторија. Автори се Denis Cisma, Sophie Schoenburg и Marcus Kotlhar, чија основна цел била да укажат на моќта која архивите со фотографии ја имаат да посведочат за времето што веќе поминало. Деликатниот креативен процес вклучувал внимателна селекција на повеќе од 5 илјади фотографии на Getty Images, а за чија промоција е и созаден ваквиот видео продукт. Погледнете го и обидете се да регистрирате што повеќе мигови од љубовта до бингото.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧевел
Следна објаваСмрт на еден песимизам
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ