Ова е приказна која ќе ви го одземе здивот. Во неа: бебиња мајмунчиња изгубени низ застрашувачките дрвја, вештерка, крокодили, тигар, ,,попотамус’’ и еден лав, како и ,, неверојатно многу лош мамут’’. Покрај тоа, ќе слушнете и за магичните сили и портокаловиот прстен, но и покрај се’ – ,,нешто не е како што треба’’. Нема ништо поубаво од детската имагинација, од тој неверојатно шарен свет полн со оптимизам, чистина и само убави мисли, зар не? Mалата Капучин ќе ви изнуди насмевка на ликот и ќе ви го разведри денот, со својата неверојатно инвентивна, комична, но и мудра приказна раскажана на неодолив француски јазик.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИ сѐ беше во ред
Следна објаваКога една жена сака, таа знае…
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ