Во конкуренција на минутите, часовите, деновите, месеците, годините, честопати на секундата се гледа како на екстремно кус период, без можност да се зграбат крупни нешта со сетилата. Сепак, секундната стрелка на часовникот се движи, а секоја измината секунда е можност да се доживее нешто ново,  поинакво и впечатливо. Видео проектот ,,Убавината на секундата” (,,The Beauty Of A Second”) претставува компилација на мигови кои се овековечени во интервал од една секунда. Погледнете ги видеата и уживајте во секоја секунда од својот живот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото натрапници
Следна објаваКампирање со стил
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ