Дозволете сите да ја воочат Вашата афекција кон книги со модерно приспособување на една страница околу Вашиот врат! Оваа величествена марама освен што придонесува кон особен допир на Вашиот стил и истовремено Ве штити од несакано студенило, исто така говори и за Вашиот интелигентен интерес за нешто корисно и прекрасно. Зар тоа има поголем синоним од книгата?

Изборот на текст останува на Вас, каде понудените извадоци од безвременски дела не ќе Ве остават рамнодушни (во случајов, принтот се однесува на извадок од „Гордост и предрасуди“) – меката ткаенина која ја красат избрани зборови изработени во 100% памук, со 65 см должина и 20 см ширина; прават оваа марама да Ве направи видливо и стилски вљубени во книгата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОсомничени за соуче(с)ништво | Матуранти IV-11
Следна објаваТатко и ќерка
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР