Пародија на популарниот филм „Педесет нијанси сиво“, кој како адаптација на еротскиот роман, светскиот бестселер на Е. Л. Џејмс, ја подели публиката.

Fifty_Shades_of_Black_IMG1_big

Подгответе се за педесет нијанси хумор! По романтичниот филм „Педесет нијанси сиво“ со заводливиот Кристијан Греј, пристигнува неговата пародија „Педесет нијанси црно“ со неверојатниот Кристијан Блек.

Fifty_Shades_of_Black_IMG7_big

Во оваа верзија, срамежливата студентка, Хана, го запознава успешниот бизнисмен, Кристијан Блек, со кого ќе се впушти во бурна врска. Неговите сексуални потреби ќе бидат во центарот на нивниот однос.

Fifty_Shades_of_Black_IMG5_big

Оригиналната приказна за Греј го отсликува Кристијан како човек до кого не допираат емоции, човек кој ја има целата моќ и доминантност наспроти девицата Анастасија. Но, сега Кристијан Блек е тотална спротивност, па доколку не го засакавте Греј, сега сигурно ќе го засакате Блек!

Fifty_Shades_of_Black_IMG4_big

Филмот реферира на некои други филмови и на познати светски личности, со што комичните сцени стануваат уште поинтересни. Марлон Вајанс (г-дин Блек), познат по своите улоги во многу комедии, нема ограничување со својот хумор или пародирајќи само еден филм, тој мора да замеша повеќе филмови истовремено како „Ритамот на лудилото“, „Магичниот Мајк“, за да постигне различен степен на успех. Филмот, во многу моменти успева да биде изненадувачки подмолен со својот хумор.

Fifty_Shades_of_Black_IMG2_big

Спремете се за еротска пародија, која ќе ве прошета низ лавиринт oд жестоки игри и интересни средби на главните протагонисти, Марлон Вајанс и Џејн Сејмур. Филм, кој со неговиот неверојатен хумор ќе ве натера да се смеете.

Fifty_Shades_of_Black_IMG6_big

Премиерното прикажување на Педесет нијанси црно пред македонската публика бешe на 04.02.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерен семеен стан
Следна објава[Филм] Обложување на столетието
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ