Како применета уметност, копаничарството на тлото на Македонија егзистира со векови. Докази за тоа се бројните икони и иконостаси по старите цркви и манастири, таванските розети по старите куќи и др. Денес копаничарството е реткост во Македонија и мал е бројот на оние кои творат во оваа уметност. Еден од вљубениците во копаничарството е и младиот уметник Тоше Секулоски од Тетово кој со својот талент му дава – како што вели тој – живот на дрвото.

Тоше е студент на Институтот за Психологија при Државниот Универзитет во Тетово, а со копаничаство се занимава од 2007ма година при што има изработено околу 60 дела во дрво, но од пред извесен период неговиот талент пробува да го искористи и во камен. Како син на столар, тој од мали нозе ја открива магијата на дрвото и започнува да го изучува копаничарството во атељето на познатиот тетовски копаничар Будимир Апостолски, а во 2008 отвора сопствено студио каде што твори. Како материјал за изработка највеќе го користи ореовото дрво, потоа липата, црешата и крушата. Во неговото копаничарско творештво најмногу доминираат православните икони и релјефи, потоа скулптурите, апстрактните фигури, изработува привезоци, кутии за накит и други дрвени ракотворби по порачка.Најголем број од делата на Тоше ги красат македонските домови, а свои дела има и во САД, Канада, Босна и Херцеговина, Хрватска и Австралија.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР