Во Образовниот центар за класична ликовна уметност ‘Da Vinci’ ќе се реализира Летна Академија – основи на класично цртање, сликање и композиција.

Курсот ќе трае од 19 јуни до 14 јули со вкупно 8 или 12 наставни часови по избор на присутните посетители. Еден наставен час – 2 академски часа (100 минути).

Програмата вклучува запознавање со сликарски и графички материали, техники, опрема и др., основи на линеарно-конструктивен цртеж, вовед во перспектива, волумен на сферични форми, конструкција на сложени 3Д форми, изучувањето на пропорции на човечка глава и тело, гипсени делови од антички скулптури, мртва природа во живо и не само тоа..🤗

Часовите ќе ги води стручен педагог, ликовен уметник, академски сликар, доктор по психолошки науки, професор Викторија Егорова.

Термини: Секои вторник, среда и четврток од 17.00 до 20.00.

________________

📝 Програма:

1. Во уметничко ателје – цртеж (поставена мртва природа – цртање во живо), запознавање со ликовни материали и техники – јаглен, креди, пак-папир.

2. Мртва природа (Летниот букет) цртање во живо (не по фотографија). Темперни или акрилни бои.

3. Портрет (запознавање со пропорции на човечка глава). Антички канон. Молив, темперни бои.

5. Морски пејзаж. Aquarelle (сува и мокра техники). Водени акварелни бои, картон.

6. Градски пејзаж. Архитектура. Графички техники. Молив, маркер, рапитограф.

7. Fashion sketch. Изучување пропорции на човечко тело (машка, женска фигура) Египетски канон. Цртеж, материјали по избор на ученикот.

8. Цртање на животните. Техники на сув пастел. Пастел, картон.

9. Планински пејзаж “Romantic Mountains”. Техника сликање со шпатула. Акрилни бои, картон.

10. Техника Grattage (Восочна графика), копирање на дело од печатена графика. Oil pastel, темпера, картон.

 

• 12 наставни часови – 5.500 ден

• 8 термини – 4.000 ден

• 1 наставен час – 600 ден

Сите материјали за работа, опрема и заштита на облека се вклучени во цената, ништо не треба да се купува!

За сите деца од едно семејство има дополнителен попуст 10%.

Повеќе информации на тел. 076 23 53 93 проф. Викторија Егорова.

Извор: Образовен центар за класична ликовна уметност Da Vinci.

На фотографиите се учениците од Образовниот центар за класична ликовна уметност Da Vinchi.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ