Дали сакате да јадете костени? Еве зошто се одлични за вашето здравје …

Есента пристигна. И покрај екстремно долгото лето, есента сепак почна да се чувствува во воздухот. Студените ноќи, паднатите лисја и мирисот на печените костени во воздухот ни даваат впечаток на есен. Попатно, преферираме да се шетаме и да купуваме печени костени. Но, костените можете да ги подготвите на разни други начини, од варени и печени костени до десерти и кремасти супи. Во продолжение ви ги пренесуваме сите благодети кои оваа есенска храна која ги има врз вашето здравје.

1. Костенот е храна која ја поттикнува работата на дебелото црево бидејќи содржи многу влакна.
2. Иако ги стимулираат цревата, костените не се добра храна доколку сакате да ослабете. Костенот има висока енергетска вредност, па затоа е одлична храна доколку ви треба дополнителна енергија или освежување.
3. Ако ви пречи глутенот, тогаш костенот е идеална храна за вас. Костенот не содржи глутен, затоа е многу популарна храна во безглутенската исхрана.
4. Костените се богати со витамин Ц, кој е пресуден за силен имунитет, а кој ни е потребен во есенските и зимските денови.
5. Со оглед на тоа што се богати со калиум, а во исто време сиромашни со натриум, костените се одлична храна за луѓето со кардиоваскуларни и бубрежни заболувања.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова сезона – нови модни комбинации
Следна објаваДеновиве јадеме крем супа од тиква – ви го пренесуваме рецептот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ