Кога човештвото се соочува со вакви трагедии и искушенија секој започнувајќи од себе треба да даде нешто свое за нов почеток. Болката за изгубен живот е огромна и отвора рани, но солидарноста е таа која ќе започне една нова етапа. Музичари, студенти и професори на Факултетот за музичка уметност  повикуваат преку музика да дадеме нешто свое, за нас малку, за нив цело богатство. Покана за сите кои сакаат да  бидат дел од еден поразличен концерт на кој заеднички ќе укажеме почит и солидарност кон настраданите од земјотресите во Турција и Сирија.

Концертот ќе се одржи на 20.2.2023 год.(понеделник) почнувајќи од 19 часот воголемата сала на Факултетот за музичка уметност-Скопје.

Влезот ќе биде слободен.

Дополнително ќе бидат поставени кутии од Црвениот крст и секој кој сака ќе може да донира според своите можности.

Програмата ќе биде исполнета од различни инструменти и изведувачи. Како специјални гости ќе настапат и Женскиот младински хор при МКЦ.

ФБ НАСТАН НА Јулијана Деспотовска

НЕМА КОМЕНТАРИ