Повеќето луѓе го поврзуваат домаќинството со готвење, подготовка и одржување на куќата. Но, грижата за домот го вклучува она за што често, на прв поглед, не сме свесни, а покрај чистата, одржлива средина тоа е здравиот ментален живот. Па, во што да уживаме во овие денови кога сè мириса на зима и снег?? Секако во добра книга во омиленото катче од домот.

Дали сте слушнале за библиотерапија?

Дали знаете дека книгите можат да лечат?? Тоа е еден вид терапевтска насока со тоа што ќе набавите книги кои ќе ви помогнат да пребродите некои тешки и предизвикувачки моменти во животот.

Библиотерапијата, како што кажува нејзиното име, е терапија со книги, или текстови на одредена тема, приказни, лекции… Зошто е корисна, како независна и како комплементарна терапија? Затоа што понекогаш ‘заглавуваме’ во одредено искуство и не можеме да излеземе од него. Не разбираме зошто се случува, не знаеме што да правиме понатаму. Анксиозност, депресија, тага, загуба, разделба… Книгите ќе ни помогнат да разбереме преку туѓите искуства дека не сме единствените кои поминуваме низ болна и навидум нерешлива состојба. Добро избраната книга ни помага да се споредиме со одреден лик кој ги доживува истите емоции во нашата ситуација, дури и исти или слични физички сензации. Библиотерапијата има за цел да ни обезбеди информации, поддршка, насоки за понатамошен живот, покажувајќи ни дека ништо на светот не е ново и дека секогаш постои прозорец што можеме да го отвориме и да ни се отворат нови видици.

Честопати нашите пријатели несвесно се наши терапевти кога ќе препорачаат книга во која препознаваат нешто што нам ни се случува. И понекогаш одредена книга едноставно не „пронаоѓа“.

?️?️ Клубови/кругови за читање

На училиште многумина од нас имавме, на пример, библиотекарски дел и работилници за читање. Искуствата на хероите од книгите беа прекрасен водич за растење и соочување со адолесцентните предизвици. Читачките кругови не се толку популарни кај нас, но ако малку се истражи на социјалните мрежи, постојат неколку јавни групи кои ја воведоа оваа убава практика. Супер идеја е сами да организираме круг во нашето опкружување, барем еднаш месечно, во кој би разговарале за истата книга, а дополнително би можеле да зборуваме за нешто друго што не мачи на тој момент.

? Како да се избере вистинската книга

Не мора да бидете библиотерапевт за да изберете книга што би била соодветна за вас или за група. Можете да ја најдете страницата на библиотерапевт кој на неа ставил база на книги што ги предлага за одредени ситуации или наслови кои се занимаваат со одреден предизвик или проблем поврзан со ментална хигиена или емоционална нерамнотежа.

Самото читање е корисно за секого, но насочената библиотерапија може да биде особено корисна во следниве ситуации:

– анксиозност

– депресија

– нарушувања во исхраната

– егзистенцијални грижи (изолација, губење на значењето…)

– справување со лична или болест на некој близок

– прашања за слобода, простување, раѓање, смрт

– одвојување, напуштање на зоната на удобност

– прашања поврзани со партнерските односи

– надминување на социјалните предизвици (срамежливост, повлекување)

Можеби овој текст ќе ве поттикне да започнете свој клуб за читање. Можеби ќе одлучите сами да продолжите да читате. Најважно е да читаме и разбереме дека книгите освен што ќе нè забавуваат, ќе ни го одминат времето и ќе нè научат на нешто ново, можат да бидат и наш лек.

Да се потсетиме и на библиотеките – оние прекрасни места кои чуваат мелеми за душата на нивните полици. Дозволете му на вашиот дом да има оаза за читање, полица со книги – бидејќи нема поголема радост од тоа да си подарите момент на вистинско уживање со прекрасен пишан збор.

НЕМА КОМЕНТАРИ