Загреб повеќе го нема најдобриот Божиќен пазар во Европа: ви откриваме кој град ја има преземено таа титула …

Кој град во Европа го има најдобриот Божиќен пазар?
Сезоната на предновогодишните пазари е зад аголот и ќе дојде порано отколку што мислиме. Греено вино, колбаси, украсени градови, се е тоа дел празничната атмосфера која ја очекуваме од година во година.
Загреб изминативе неколку години беше неприкосновен крал на Адвент, бидејќи од година во година Загреб го имаше најубавиот, односно најдобриот Адвент во цела Европа.

Но, Загреб минатата година го смени концептот на Адвент, што на луѓето очигледно не им се допадна, и Загреб беше симнат од тронот.

Минатата година титулата најубав адвент во Европа и припадна на Будимпешта. Главниот град на Унгарија е една од хит туристичките дестинации во текот на годината, но предновогодишниот пазар е она што ја прави Будимпешта навистина посебна.

Главниот град на Унгарија е одличен пример за тоа како функционираат божиќните пазари во Централна Европа. Плоштадот Врасмарт, во срцето на градот, е домаќин на главниот божиќен пазар во Будимпешта со голем број дрвени тезги, каде што локалното население ги продава своите традиционални производи. Ова значи многу одлична храна и интересни работи за гледање и правење. Во овој момент овде се одржуваат бројни концерти и други настани, а има и многу работилници и програми за деца кои се потполно бесплатни.

Адвентот во Будимпешта оваа година започнува на 18 ноември. 2022 година и ќе трае до 1 јануари 2023 година.

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 работи кои дефинитивно треба да се перат почесто
Следна објаваЗа посебните естетики во македонската љубовната поезија- Катица Ќулавкова
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ