5 работи кои дефинитивно треба да се перат почесто

5 работи кои дефинитивно треба да се перат почесто

Дознаваме кои работи премалку се перат, а дефинитивно треба почесто …

Дел од личната хигиена е дефинитивно и чистата облека, но и чистите работи кои ги користиме секојдневно. Но, дали некогаш сте се запрашале колку често треба да се перат одредени работи?

Лесно е за работи како гаќички или чорапи за кои знаеме дека мораме да ги переме по секоја употреба, но има работи за кои научно е докажано дека ги переме премногу ретко. Во продолжение ви откриваме кои се тие работи.
Дел од личната хигиена е дефинитивно чистата облека, но и чистите работи кои ги користиме секојдневно. Но, дали некогаш сте се запрашале колку често треба да миете одредени работи?

1. Градник
Градникот треба да го пeрете на секои две до три носења, бидејќи на градникот се собира пот и мртва кожа.
2. Перница
Овде не зборуваме за навлаката за перница, туку за самата перница која треба да ја перете до неколку пати годишно, идеално на секои три месеци.
3. Јакни/Капути
Јакните или капутите мора да се перат или хемијски исчистат најмалку еднаш годишно, односно пред почетокот на сезоната на јакни, односно капутот на крајот на самата сезона.
4. Кауч
Каучот е место каде поминуваме многу време, па затоа треба да се исчисти најмалку двапати годишно.
5. Сунѓери
Сунѓерите, без разлика дали се кујнски или оние со кои го миете телото, треба убаво да се исперат барем секоја недела бидејќи се вистински извор на бактерии.

НЕМА КОМЕНТАРИ