Издавачката куќа ТЕМПЛУМ годинава, 2022, по петти пат го распишува конкурсот за македонски стрип „Лифт“, инаку, беше име на списанието за стрип кое излегуваше од 1996 до 2001 година, а денес е име и на угледна графичка едиција.

Наградата „Лифт“ се доделува еднаш годишно.

Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ќе ни испратат сопствени досега необјавувани авторски стрипови, до 16 табли (или страници). Значи, почитувани автор(к)и, можете да ни испраќате и стрипови од една или две страници, но не повеќе од 16 страници.

Наградниот фонд изнесува 500 евра, но во книги и стрипови. Фондот со свои изданија го обезбедија Темплум и Бункер.

Предвидени се три награди: од 250, 150 и 100 евра. Најдобро оцененетите автор(к)и за таа сума ќе добијат изданија, по сопствен избор, на книгоиздателството „Темплум“ и на издавачот на стрипови „Бункер“.

Ќе се потрудиме да организираме и изложба и објава во публикација на најдобро оценетите дела.

Жирито го сочинуваат Јана Јакимовска, Владимир Трајановски и Никола Гелевски.

Стриповите треба да ни ги испраќате, скенирани, по електронска пошта, до 1 ноември 2021 година, на следнава адреса: stripnagradalift@gmail.com

Целта на наградата е да ги промовира и афирмира овдешните стрип автор(к)и, но и да го унапредува стрипот како (кај нас запоставен) медиум. Втора важна цел е да придонесеме за развојот на македонската културна сцена и во поширока смисла, промовирајќи нови креативни актери, нови културни настани, поинакви пристапи и стилови на полето на културата – со што сакаме да придонесеме за плурализацијата и шаренилото на овдешниот недоволно развиен културен простор.

Мејлови за контактирање: stripnagradalift@gmail.com и templum.skopje@gmail.com

Петтата стрип награда ЛИФТ е поддржана од Град Скопје.

Извор >>okno.mk

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР