Есента е време на свадби, а ние им нудиме инспирација на идните невести.

Невестинска колекција на хрватскиот бренд eNVy room зрачи со елеганција и со примеси на носталгија.

Атељето на модното дуо eNVy room е збогатено со нови свадбени модели, потсетувајќи нè повторно на сета елеганција, шарм и женственост што се вткаени во нивните невестински приказни.

Фокусот на новата колекција се сензуално откриени рамења, што е особено забележливо на корсетираните фустани каде свилената ткаенина или тантела нежно паѓа над рацете.

Колекцијата содржи и модели со заводливи шлицови, длабоки деколтеа или грациозно голи грбови, со доминантен лајт мотив составен од гламурозни, волуменозни ракави.

Моделите варираат во широк спектар на кроеви, од оние кои ја следат линијата на телото до моделите со луксузен волумен, додека најчести ткаенини се нежни и меки свилени материјали, еластичен свилен сатен и свилен тул кој изгледа како нежна пајажина, како и секогаш романтична тантела од мал и рељефен дезен со суптилен сјај или посипана со мали бисери.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ