📄ПРОГРАМА / PROGRAMME

🗓️9.5.2022 – 20.00
Свечено отворање / Official opening
📌ПРЕМИЕРА / PREMIERE
‘НОРМА’ – Винченцо Белино
‘NORMA’ – Vincenzo Bellini

🗓️11.5.2022 – 20.00
‘НОРМА’ – Винченцо Белино
‘NORMA’ – Vincenzo Bellini

🎟️ОФФ ПРОГРАМА / OFF PROGRAM
14.5.2022 – 20.00
ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН (балетска претстава)
THE LADIES OF AVIGNON (ballet performance)

🗓️18.5.2022 – 20.00
ЛУЧИЈА ОД ЛАМЕРМУР – Гаетано Доницети
LUCIA DI LAMMERMOOR – Gaetano Donizetti

🗓️21.5.2022 – 20.00
ЖИЗЕЛ – Адолф Адам (балет)
GISELLE – Adolph Adam (ballet)

🗓️26.5.2022 – 20.00
ТУРАНДОТ – Џакомо Пучини
TURANDOT – Giacomo Puccini

🗓️31.5.2022 – 20.00
АИДА – Џузепе Верди
AIDA – Giuseppe Verdi

☎️Билетарница / Ticket office: 078 426 536 ; 02 3118 451
Онлајн / online: www.operabalet.mk

ℹ️ Управата на НУ Национална oпера и балет ги задржува правата на промени во програмата и учесниците.
The management of the National Opera and Ballet retains the right for changes in the program and participants.

 

50 ГОДИНИ „МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ“

____________________________________

Наметнувајќи се како културен симбол на современието, оперската манифестација „Мајски оперски вечери“, која благодарение на својот профил и специфика ги надминува границите на нашата земја и високо се позиционира во меѓународната сфера, годинава одбележува 50 години постоење.

Изминатите педесет години, на фестивалските програми ги содржи најатрактивните дела од европската музичка литература (оперите „Травијата“, „Аида“, „Кармен“, „Севилскиот бербер“, „Кавалерија рустикана“ и др., како и балетските ремек дела „Лебедово езеро“, „Жизел“, „Дон Кихот“…), задоволувајќи го со тоа вкусот и на најрафинираните почитувачи на оперската и балетска уметност. Поголемиот дел од нив се долги години присутни на редовниот репертоар на националната куќа и на публиката ѝ се мошне омилени, а застапени се и ретко изведувани и помалку познати наслови, кои заедно креираат богат корпус, разновиден од аспект на стилските особености, жанровската определба и авторската инвентивност.
На фестивалската сцена, изминатите пет децении дефилира елитата на домашното, европското и светското оперско исполнителство, која дава исклучителен придонес за ексклузивитетот и атрактивноста на самата манифестација. Така, од сцените ширум Европа (застапени се речиси сите европски држави) и светот (Америка, Африка, Азија и Австралија), директно на големата сцена во Скопје, своите незаборавни креации ги претставуваат голем број извонредни диригенти, оперски и балетски уметници и инструменталисти, а со особено висок професионален пристап, бравурозни перформанси прикажуваат и македонските уметници, кои, секој во своето време од сценската актива, комуницирајќи со грациозноста на изведувачкиот израз, оставаат траен белег во колективната меморија на манифестацијата.

 

(ИЗВОР:МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ).(МОБ)

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР