Најзабележителниот тренд што имавме можност да го видиме по улиците на Градот на светлината е всушност фактот: дека модната дрскост по која се познати само Њујорчанки, беше многу успешно пренесена во европската модна метропола – Париз.

Смели бои, уште похрабри форми и да …, и те како впечатливи модни додатоци.

Некако се очекуваше дека во Њујорк ќе се видат чевлите на Версаче со двојна платформа, како омилен statement детаљ кој го надградува стајлингот. И навистина, ги видовме буквално на секој агол.

Меѓутоа, она што не го очекувавме е дека овој додаток ќе се појави како еден од омилените на улиците на Париз. Чевлите на платформа оваа пролет се генерално омилени од дамите познати по нивниот ноншалантен шик.

Изгледа Парижанките решиле да го кренат модното скалило и воопшто да не се шегуваат. Спектакуларниот детаљ, кој вклучува комбинација од хеланки и штикли, дефинитивно беше омилен. Додека чизмите над коленото беа таму за да ја зачинат модната игра во другата насока.

Неочекуваните бои, па дури и формите на чевлите никако не беа примат, туку ја скокоткаа нашата фантазија и ја покажаа нашата подготвеност за смели стилски потези. Овој пат речиси и не ги видовме класичните модели, што е пријатно изненадување.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодната компанија Магнетик слави 30 години „Модна фузија“
Следна објава50 Мајски Оперски Вечери-МОБ (2022)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ