? Сликање и вино во убаво друшво, звучи примамливо, Зар не?

Многумина од нас кои имаат желба да го изразат својот уметнички порив преку сликање, овој нов концепт за сигурно ќе им помогне во остварвање на истиот. Во последините две (пандемиски) години во многу западноевропски земји се популаризира сликањето како омилено хоби на сите вљубеници во уметноста, а во истовреме се користи како арт-терапија со цел полесно изразување на скриените емоции.

Идејата за ваков вид на сликарски работилници е замислена така што присутните учесници ќе можат во релаксирана атмосфера, дружејќи се меѓусебно да уживаат во вкусот на првокласни вина и слушајќи убава музика да создаваат уметност, а сето тоа под менторство на академски професори по сликарство, кои чекор по чекор ќе ги водат низ креативниот процес на творење. Убава замисла и можност за повторно зближување на луѓето после поминати две тешки години во изолација.

НЕМА КОМЕНТАРИ