• ,,Уметноста претставува ангажиран контемплативен процес кој зборува за едно постоење во времето како димензија. Уметноста за мене е начин на живот”.

    ??‍? Мирјана Крстевска-Масетти

  • ‘ Живот обоен со уметност и музика’ , така би можел да се опише накратко магичниот свет кој го живее нашата еминентна уметница Мирјана Крстева Массетти. Уметничкото дејствување во прво лице во кое содржината, морфологијата и поетиката се во служба на самоизразување, Мирјана совршено го пренесува на своите платна. Со својот специфичен визуелен наратив и минимална експресија на своето лице создава ‘нереално’ – магична атмосфера за своите соговорници. Нејзиното уметничко дејствување започнува од најраното детство, таа почнува да свири пијано од својата шеста година. Нејзиниот татко е истотака ликовен уметник. Сликарскиот опус на Мирјана рефлектира прозаична атмосфера во која преку одбрани симболи се преиспитува човековата состојба  низ моменти на катарза од личен аспект, со ослушнување на внатрешниот глас, желбата за припадност и спојување со суштинското. Со својот уникатен потез, Мирјана создава совршена хармонија преку интензивниот колорит и контрастот на боите на платната.

– Мирјана, објаснете ни накратко како тече вашиот креативен процес, дали размислувате околу самата идеја или пасионирано се препуштате на работата.

Генезата на нештата е секогаш чудна. Креативниот процес е виножито од феномени, психоанализа во боја, акцептирање на сопствената присутност во невозможни универзуми, визуелен израз без репетитивност … Создавањето на делото е чин надвор од времето како димензија, понекогаш мислам дека е идентичен со ”la petite mort”…Територијата на мислите е бескрајна, копнежот ве води кон неименливото. Симулацијата на невидливото преку автономен ликовен израз претставува директно искуство со универзалното. Патувања во времето, средби со спомените, тивко изговорени исповеди… .  Во својата самоизолација, авторот има привилегија да се занимава со себе, своето јас, своите нешта. Ликовното евидентирање на средбите со Егото води кон себепознание. Процесот на раѓање на делото е интуитивна потрага кон вистината,онаа сопствената . А вистината може да го задоволи само разумот, таа никогаш не ја претставува смислата на животот.

– Кажете ни нешто повеќе за вашата семејна уметничка традиција и наследство и нивното влијание во вашата животна определба.

–  Јас сум единствено дете на Софија и Атанас. Моето детство, тој волшебен временски квантум, беше обоено со музика. Пораснав во ателејто на татко ми, мислејќи дека каменчињата калафониум за графика се бомбони,а опојниот мирис на боите магија… Дедо ми свиреше гајда, јас свирев пијано. Сепак мислам дека мојата мајка е најголемиот уметник во моето семејство.Смислата за убавото, креативноста, вербата во соништата ги наследив од неа. Одсекогаш знаев што сакам да бидам кога ќе пораснам. Мојот нагласен субјективен став кон се што е земно , индивидуализмот, сензибилитетот  и вредностните компоненти на моето семејство не можеа да созадат ништо поинакво од тоа што сум денес, визуелен уметник.

– Во кои услови најдобро творите. Кој е вашиот предизвик во креативниот свет.

Се потекнува од проекцијата за иднината, минатото или она помеѓу. Концентрацијата на духовност, менталната сила,тишините…Работам на циклусот “Исповеди”,а исповедта е секогаш огледална.Предизвик ми е да се пронајдам во поинакви формати на експресија.

– Креативноста е можеби повеќе изразена во области во кои сме помалку стручни. Дали се се согласувате со ова спознание и вашето мислење околу тоа.

Еден мој професор ми рече, (“Ќе направиш добра слика кога ќе заборавиш се што сум те научил”.) Стручноста е важна, но исклучително важна е либерализацијата на умот од веќе врежаните постулати.

– Како делуваат на вас лично новите трендови на социјалните мрежи како фејсбук и инстаграм. Мислите ли дека се пренатрупани со визуелно (лажни) содржини.                                                                                                                                                  – Новите трендови на социјалните мрежи одат во чекор со времето кое го живееме.     

  •                                                                                                                              ??‍? Мирјана Крстева Массетти                                                                         М-р Мирјана Крстева Массетти e родена 1979 година во Скопје.Дипломирала на факултетот за ликовни уметности во Благоевград, Бугарија, во класата на проф.Борислав Стоев,2001 година.Основач и член на Мултимедиа Центар од Гевгелија и член на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија.Член е на ДЛУБ
    од 2014 година и член е на ДЛУМ од 2010 година. Mагистерски студии
    на ФЛУ- сликарство, во класата на проф. Благоја Маневски, 2018 година.

    Самостојни изложби;
    2003-Аполонија хотел,Гевгелија
    2004-Темишвар,Романија
    2004- Алфа Банка,Гевгелија
    2006-Казино Фламинго,Гевгелија
    2010- НУ Центар за култура,Куманово
    2010- НУ Центар за култура,Ресен
    2010- НУ Центар за култура,Кавадарци
    2010- Аполонија хотел,Гевгелија
    2010-Slow food and Mirjana,камерна изложба,Пиано,Гевгелија
    2011- НУ Центар за култура,Струмица
    2011- салон на ДЛУБ, Битола
    2011- Аполонија хотел,Гевгелија
    2011-Игало,Црна Гора, SPA Gallery
    2013-Севлиево,Р.Бугарија,галерија ,,Асен и Илија Пејкови,,
    2013- ,,Аналогни асоцијации,,-Културно-Информативен Центар на
    Р.Македонија во Софија,Бугарија
    2014-Музеј на град Скопје,Скопје
    2014-НУ Музеј,Уметничка галерија Куманово
    2014- ЛУ Музеј,Крива Паланка
    2015- ЛУ Велес, ,,Велес град на културата,, ,Ликовен салон,,
    2015- НУ Музеј Штип, уметничка галерија Безистен
    2015-отворено студио, Cite internationale des arts, Париз, Франција
    2015-камерна изложба,македонска амбасада, Париз, Франција
    2016- Безистен,Бадабум-кафе(ДЛУМ), ,,Miroirs,,-мал
    формат,Скопје,Македонија
    2016-GalleryMC, ,, Небо,, македонски културен центар Њу Јорк,Њу
    Јорк,САД
    2017- ,, Ти,, НУЦК Марко Цепенков, Прилеп
    2018 – ,, Катарзична исповед,, НУ Музеј Куманово, Уметничка Галерија
    2019- ,, Катарзична исповед,, НУ Музеј Гевгелија, Уметничка Галерија
    Амам
    2020- ,, Storytelling ,, Солак и Массетти, македонски културен центар
    Истанбул, Р. Турција
    2021- ,,Его,, -мурал, Бош фестивал, Гевгелија
  •  Групни изложби:
    1986-2002 Учество на Графичката колонија ,,Гевгелија,,
    1999-Студентска изложба Благоевград,Бугарија,графика ,,Его,,
    1999-Статија во весник ,,Струма,, повод-најдобар с1999-Каталог Студенти на ликовната Академија,дело ,,мртва природа,,
    1999-Студентска изложба
    2000-Групна изложба,Струмица,Македонија
    2000-Студентска изложба
    2001-Групна изложба,награда на конкурс ,,Бах и современоста,,Циклус
    литографии,Благоевград,Бугарија
    2001-Софиско триенале,Групна изложба,Софија,Бугарија
    2002-координатор и учесник на Графичка колонија,,Гевгелија,,
    2002-Учество на групна изложба на Графичката колонија ,,Гевгелија,,
    2002-учество на изложба ,,хартија-првиот артикулиран медиум,, дело-
    цртеж
    2004-Изложба,Алфа Банка,Гевгелија
    2004-Статија во неделник ,,Sette Giorni,,Романија
    2005-Годишна изложба на ДЛУГ,Гевгелија
    2006-Групна изложба,Мултимедиа Центар,Гевгелија,Македонија
    2007-Претседател на Мултимедиа Центар,Гевгелија
    2007-Групна изложба,Мултимедиа Центар,Гевгелија,Македонија
    2007-Годишна изложба на ДЛУГ,Гевгелија,Аполонија
    2008-Годишна изложба на ДЛУГ,Гевгелија
    2009-Годишна изложба на ДЛУГ,Гевгелија
    2009-UMD Global Conference, Washington, DC, дело,цртеж
    2009-претседател на ДЛУГ
    2009-Групна изложба,Мултимедиа Центар,Гевгелија,,еден час визуелна
    светлина,,учесник и куратор
    2009-Групна изложба,,Мултимедиа Центар за фестивалот Бош,,Стара
    чаршија Гевгелија,учесник и куратор
    2009-Годишна изложба на ДЛУГ,Гевгелија,Македонија
    2009-координатор,работилница-,,Децата за Фондација
    Аполонија,,Гевгелија, Македонија
    2009-Групна изложба,Гевгелија,Македонија
    2009-Prints for peace,Grabados por la paz, Mexico,
    2010-Групна изложба на ДЛУГ,НУ Центар за култура
    ,Куманово,Македонија
    2010-Годишна изложба,Мултимедиа Центар,Аполониа
    гарден,Гевгелија,Македонија
    2010-Групна изложба,Градска галерија,Севлиево,Бугарија
    2010-Групна изложба,JAZZ & DLUG,тераса хотел
    Аполонија,Гевгелија,Македонија
    2010-Годишна изложба на ДЛУМ,Музеј на град Скопје
    2011- групна изложба на ДЛУГ,мал формат,Гевгелија
    2011-групна изложба на ДЛУГ, портрети,Гевгелија
    2011-групна изложба на гевгелиски уметници,Аполонија хотел,Гевгелија
    2011-групна изложба,Мултимедиа Центар-Гевгелија,Аполонија,Гевгелија
    2011-групна изложба на група автори,Дојран
    2011-годишна изложба на ДЛУГ,ликовен салон Аполониа,Гевгелија
    2011-RH pozitive Gallery, Истанбул,Турција
    2012ревијална изложба на ДЛУМ,Музеј на град Скопје,Македонија
    2012,мал формат на ДЛУГ,ликовен салон Аполонија,Гевгелија.
  • 2012-Гевгелиски ликовен документ,изложба на ДЛУГ,Гратски
    Театар,Гевгелија
    2012-Светска Галерија на цртеж-ОСТЕН,Скопје,Македонија
    2012-годишна изложба на Мултимедиа-Центар,Градски
    театар,Гевгелија,Македонија
    2013-ревијална изложба на ДЛУМ,Музеј на град Скопје,Македонија
    2013-Остен,македонски автори,галерија на Остен,Скопје
    2013-групна изложба на Мултимедиа Центар-Гевгелија,,,Во
    рамката,,Градски Театар,Гевгелија,Македонија
    2013-групна изложба на Мултимедиа Центар-Гевгелија ,,into the
    frame,,НЛБ Тутунска банка,Скопје,Македонија
    2013-групна изложба Мултимедиа Центар Гевгелија,BOSH
    festival,Народен театар ,Гевгелија
    2013-групна изложба на ДЛУГ,Народен театар Гевгелија
    2013-Биенале на наградени автори-Остен,Гевгелија
    2013 -групна изложба на ДЛУГ,Скопје,галерија КО-РА
    2013-Биенале на наградени автори-Остен,Македонска Академија на
    науките и уметностите МАНУ,Скопје
    2013-годишна изложба на ДЛУГ,градска галерија ,,АМАМ,,Гевгелија
    2014-ревијална изложба на ДЛУМ,Скопје,Македонија
    2014-перформанс,,Квадратура,,Мултимедиа Центар Гевгелија,Народен
    театар Гевгелија
    2014-годишна изложба на ДЛУГ,салон Аполонија,Гевгелија
    2014-годишна изложба на ДЛУБ,салон Магаза, Битола
    2015-годишна изложба на ДЛУМ,Мала станица,Национална галерија на
    Македонија
    2015-Кафе ,,Ли,,-Скопје
    2015-Кафе ,,Ли,,- Скопје
    2015-одбрани автори, Струмица опен фестивал
    2015-годишна изложба Мултимедиа Центар, галерија
    АМАМ,Гевгелија,Македонија
    2015-годишна изложба ДЛУГ,салон Аполонија,Гевгелија
    2015-групна изложба,ликовна колонија, Карпино,Дом на култура
    ,,Трајко Прокопиев,Куманово,Македонија
    2015- групна изложба, Concept 37, Скопје Македонија
    2015-годишна изложба на ДЛУБ,Магаза,Битола,Македонија
    2015-годишна изложба на ДЛУМ,Национална галерија на Македонија,
    Скопје
    2015- групна изложба,Ликовна колонија ,,Пелинце 2014-2015,Музеј-
    Ликовна Галерија -Куманово, Македонија
    2016 – ДЛУМ- Мал формат,КИЦ,Скопје,Македонија
    2016- Остенови уметници ,Македонска Академија на науките и
    уметностите- МАНУ, Скопје
    2016- Арт хепенинг, Кавадарци, Македонија
    2016 -годишна изложба на Мултимедиа Центар Гевгелија, Ликовна
    галерија,,Амам,,- Гевгелија
    2016- Остен, Биенале на цртеж,Национална галерија на Македонија-
    Чифте Амам, Скопје                                                                                                   2016-,, Мал формат,, ДЛУМ,-Културно информативен центар -Скопје
    2017- ,,Изминување на времето,, – НУ Велес, НУ Центар за култура
    ,,Марко Цепенков,, -Прилеп, ЈОУ Дом на култура ,,Иван Мазов Климе,,
    Кавадарци, ОУ Музеј на град Неготино, НУ Центар за култура ,,Антон
    Панов,, Струмица, Дом на култура ,,Мирка Гинова,, Демир Капија,
    Културно- Информативен Центар Скопје
    2017- ДЛУГ – НУ Музеј Гевгелија, ликовна галерија ,,Амам,,
    2017- годишна изложба на Мултимедиа Центар Гевгелија ,,Синестезија,,
    Народен Театар- Гевгелија
    2017 – ,, Несовршен простор,, НУ Музеј Струмица
    2017- Годишна изложба на ДЛУМ, ,,Мала станица,, Национална Галерија
    на Македонија
    2017-,, Мал формат,, ДЛУМ- Културно информативен центар- Скопје
    2018- ,, Балкански сусрети,,- Р. Србија
    2018- ,, Женскиот модел во ликовната уметност,, НУ Музеј- Струмица
    2018- Годишна изложба на ДЛУМ ,, Мала станица,, Национална Галерија
    на Македонија
    2018- Годишна изложба на ДЛУГ -Народен театар, Гевгелија
    2018- Годишна излошба на Мултимедиа Центар Гевгелија, Пионерски
    Дом Гевгелија
    2019- ,,Мал формат,, ДЛУМ -Културно информативен центар- Скопје
    2020- Годишна изложба на ДЛУМ ,, Мала станица,, Национална галерија
    на Македонија
    2020- ,,Душата мисли во слики,, – КО-РА, Скопје, Македонија
    2020- Изложба на дела од ликовна колонија ,,Дрен,, НУЦК Марко
    Цепенков- Прилеп, Македонија
    2020- Миниартура ДЛУМ – галерија ART HUB, Скопје
    2020- Мал формат ДЛУМ- КИЦ Скопје
    2021- Мал формат ДЛУМ-КИЦ Скопје
    2021- 75години ДЛУМ- ,, Мала станица,, Национална галерија на РСМ

?? Награди;

Втора награда на конкурс ,,Бах и современоста,,циклус
литографии,Благоевград,Бугарија
-Посебна награда,ОСТЕН,Светска галерија на цртеж,Биенале на
наградени
автори, 2013 Скопје
– Награда на КИЦ за ,,Мал формат, на изложбата на ДЛУМ, фондација
Мазев

Остенов уметник на годината- 2015
Остенов уметник на годината- 2013

2015-Оформување на книга-, ,,Светска женска,,-Лилјана Дамовска

—-Престој во меѓународниот град на уметностите, Париз,Cite
internationale des arts- Paris, септември/октомври 2015

—–Престој во Македонскиот културен центар во Њу Јорк,САД 2016
Учествувала на бројни колонии во земјата и странство.
Ликовна колонија.,,Куманово,,-Пелинце 2010,Македонија
Ликовна колонија ,,Балчик,,-Р.Бугарија 2010
Ликовна колонија ,,Прилипац,,-Р.Србија 2010
Ликовна колонија ,,Колут и Мандиќ,,-Апатин,Р.Србија 2010
Ликовна колонија ,,Алма Монс,,-Фрушка Гора,Р.Србија 2011
Ликовна колонија,,Аполонија,,-Гевгелија, Р.Македонија 2011
Ликовна колонија ,,Боженци,,-Р.Бугарија 2011
Ликовна колонија ,,Струмица,,-Р.Македонија 2011
Art Symposium Будва,Р.Црна Гора 2011
Ликовна колонија ,,Скопје,,Музеј на град Скопје 2013
Биенале на наградени автори-Остен,Гевгелија,Р.Македонија ,2013
Ликовна колонија ,,Карпино,,2014
Ликовна колонија ,,Куманово,,-Пелинце 2014,Р.Македонија
Ликовна колонија ,,Карпино,,2015
Арт симпозиум, , Sixieme Festival International Francophone,, Soleil,,
Созопол, Бугарија, 2016
Ликовна колонија ,, Пелинце,, – Куманово, Македонија 2018
Ликовна колонија ,, Пелистер,, – Пелистер, Македонија 2019
Ликовна колонија ,,Дрен,, -Прилеп, Македонија 2020
Ликовна колонија ,,Дрен,, – Прилеп, 2021
Ликовна колонија ,,Св. Јоаким Осоговски,, – Крива Паланка, 2021
Фестивал ,,Ѕуница,, – Миравци, 2021

 

?‍?Педагошка дејност:
2008-2009-педагошка дејност,професор по ликовна уметност,СОУ Јосиф
Јосифовски, Гевгелија
златен медал на конкурс за ликовни творби на ученици инспирирани од
матичното културно наследство.-Ментор Мирјана Крстева Массетти
2007-2009-Школа за Млади ликовни таленти,проект на Мултимедиа
Центар
Гевгелија
2015- Одговорен за ликовна дејност,,Пионерски Дом,, -Гевгелија

НЕМА КОМЕНТАРИ