Луксузот на градот
Овој тренд на празнично украсување e инспириран од градовите и нивната архитектура. Опишан е како современа тема со стилска палета на бои и игра со геометријата која се наоѓа на високите згради, како и со топлиот сјај на градските светла.

Шума со скапоцени камењаТрендот за божиќни украси на Gemstone Forest се однесува на магични шуми, митски суштества и пејзаж сличен на бајките. Дизајнерот ги споил богатите бои пронајдени во шума на самрак со акцентни светли за да даде луксузен и забавен финиш.

Снежна планина: Овој тренд на божиќна декорација е инспириран од планинскиот див свет и драматичните снежни пејзажи. Oваа безвременска шема на бои е секогаш омилена, додека модернизирањето на изгледот е лесно – едноставно нанесете топли неутрални бои, нежни сини тонови и сребрена боја за магично чувство.

Бакарна река: Оваа тема за украсување на новогодишна елка е инспирирана од природниот тек на проточната вода на реката и нејзиниот див свет, вклучувајќи пастрмка, видри… Мешавината на бакар и различни нијанси на сино создава спокоен, но декадентен изглед.

Теchnicolours Supernature – смели бои за забава, голем хит кај децата.

Комбинацијата од тонови на руменило и морски блуз, има за цел да го долови брегот во магичниот момент, веднаш по заоѓање на сонцето.

Класична палета на празнично црвено и златно, проткаена со многу зелена боја во форма на зеленило во овој изглед.Традиционална тема на божиќно украсување.

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Holiday House“ : празнична кампања на Louis Vuitton режирана од Roman Coppola
Следна објаваОвие чанти ја освоија титулата на женски омилени и најкорисни модни аксесоари
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ