Магичниот свет на празнични чуда за кој сонува режисерот номиниран за Оскар,  Roman Coppola станува позадина за гала кампањата на Louis Vuitton за 2021 година.

Француско-британската актерка и амбасадорка Stacy Martin глуми во видеото наречено „Holiday House“ додека не води од една среќна сцена на прослава и љубов во друга.

Познатите куфери на Louis Vuitton со монограмот на француската куќа се распослани околу семејната колиба, децата весело играат и ја украсуваат елката, додека во саундтракот го слушаме легендарниот, диско ритам на песната „Young Hearts Run Free“ од Candi Staton

Секој куфер на познатиот бренд води до различен амбиент, едниот до белата снежна патека на која парадираат модерно обучени скијачи, другиот е претворен во куќа за кукли, третиот ги крие највпечатливите чанти и модните додатоци на брендот, додека последниот не води до голема забава. Гостите на забавата носат најсјајна и најпразнична облека и танцуваат додека се збогуваат со 2021 година.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто да подарите за празниците кои следат – идеи за најдобри подароци
Следна објаваТоп 7 трендови: декорација на Новогодишни елки 2021
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ