Оваа „тивка“, удобна и практична фотеља е симбол на најновиот стил на домашен дизајн.

Ја нагласува нашата потреба за приватност, удобност и функционалност и создава катче за домашна канцеларија без кое веќе не можеме.

Buddihub by Pedrali е нова звучно изолирана фотеља. Она што ја прави посебна е звучно изолираниот панел кој ја обвива и гушка, создавајќи тивок „балон на приватност“.

Функционалноста и удобноста одат рака под рака во овој модел, кој се чини дека е специјално направен за да ги задоволи нашите нови потреби: работа од далечина и желба за тишина.

 

Изработена е од полиуретанска пена поддржана со еластични ремени на седишта со челична конструкција и алуминиумски ногарки.

Тоа е фотеља, но и мала домашна канцеларија, па дури и место каде што може да се изгубите покрај страниците на вашата омилена книга. Оваа фотеља е навистина сестрано парче кое може да создаде нов имагинарен простор каде што можете да работите, да се опуштите и да се одморите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBlumarine кампања есен/зима 2021 година
Следна објаваСтајлинг за кој се зборува: Деми Мур без градник во јакна на сезоната!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ