На модната ревија на британската дизајнерка Стела Макартни, Деми седеше во првиот ред, веднаш до Ана Винтур. Сепак, главната вест која дојде од презентацијата на колекцијата за пролет / лето 2022 година од Стела Макартни, не беше онаа за самата колекција, ниту онаа за престижнoто друштво од првиот ред, туку она што го носеше Деми.

Имено, 58-годишната актерка се појави во црн комбинезон со широки ногавици, набран преден дел без струк и истакнат дел која ги нагласува градите. Транспарентниот, мрежест дел од топот, кој откри добар дел од бистата, не остави многу простор за имагинација, но го истакна сексапилот на познатата актерка.

Јакната што Деми ја носеше најчесто префрлена, доаѓа од колекцијата на Стела Макартни, голем модел, загасит есенски тон на портокалова боја. Овие јакни повторно се во фокусот на модата, како еден од главните трендови на сезоната есен-зима 2021/2022, и сега можат да се најдат нашироко во колекциите на брендовите како што се Zarа, H&M, Stradivarius, Reservd и други.

НЕМА КОМЕНТАРИ