Придржувајте се до диетата – богата храна со антиинфламаторно дејство

Богатите масни оброци кои секогаш ги придружуваат празниците и алкохолот предизвикуваат воспаление во организмот.

Борете се со диета богата со овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки, зачини и „добри“ масти (авокадо, јаткасти плодови, семиња и сл.).

Обезбедете си соодветна хидратација

Започнете го денот со пиење чаша вода и сок од половина лимон. Не заборавајте да пиете многу течности, особено вода и билни чаеви во текот на целиот ден.

Обложете се на комбинација – маснотии, влакна и протеини

Бидете сигурни дека секој оброк содржи добри масти, растителни влакна и протеини со малку маснотии (на пр. салата од кељ со суви смокви и лешници). Ова го одржува константното ниво на шеќер во крвта и создава чувство на ситост, а помала е веројатноста да јадете големи количини.

Следете програма за вежбање

Занимавајте се со спорт по ваш избор или редовна програма за вежбање секој ден во текот на овие пет дена. Или барем правете напорни активности најмалку 30 минути на ден за да го забрзате метаболизмот.

Индикативен план за еднодневна диета

Наутро: чаша вода со сок од половина лимон

Појадок: 2 варени јајца и парче интегрален леб со путер од бадем.

Ужина: Авокадо на коцки, прелиено со сок од лимон

Ручек: Зелена салата со печен сладок компир, семе од калинка, ореви и наут.

Попладне: Грст ореви.

Вечера: Пилешко на скара со интегрален ориз и салата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDior претстави микро чанти!
Следна објаваH&M – Машка колекција со отпечатоци од Кит Харинг!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ