Кога светот околу вас ќе почне да се однесува како кула која полека се руши, секојдневните обврски ве притискаат и не можете да најдете ниту момент на мир само за себе, производите од природата можат да ви помогнат …

Како наши најголеми сојузници во потрагата по младешки, убав изглед, благосостојба и љубов кон себе, плодовите на природата можат да ни помогнат за само неколку моменти.

Само неколку капки есенцијални масла ќе ви помогнат да се ослободите од стресот – веројатно веќе сте пробале масло од чајно дрво, рузмарин и масло од нане, но овој пат ви предлагаме нешто поразлично – масло од лаванда.

Високо рангиран кога станува збор за популарност, маслото од лаванда може да се користи на повеќе начини и има повеќе од една намена.

Што е масло од лаванда?

Маслото од лаванда се дестилира од истоимено растение – стана составен дел од ароматерапијата, бидејќи доаѓа заедно со цела листа на посебни својства, како што се антиинфламаторно, антисептично, антибактериско и антимикробно дејство, меѓу другото.

Кои се придобивките од маслото од лаванда?

Ова драгоцено масло доаѓа со придобивки во светот на убавината и во светот на здравјето, бидејќи може да ви помогне да ја смирите и лекувате кожата, косата и телото. Само неколку капки масло од лаванда помагаат во борбата против анксиозноста и несоницата, додека истовремено можат да помогнат во лекување на алергии, изгореници од сонце и темни дамки на кожата. Самото растение содржи компоненти како што се линалол и линалил кои придонесуваат за сите негови придобивки.

Лавандата ја ублажува ансиозноста

Кога станува збор за борба против анксиозноста, постојат неколку студии кои докажаа дека лавандата всушност не може да ја излечи, но секако помага. Маслото од лаванда има ефект врз лимбичкиот систем – делот од мозокот што ги контролира емоциите – така што ги олеснува, убалжува, несаканите ефекти и симптомите на вознемиреност.

Лесно можете сами да ја увидите неговата моќ – измешајте неколку капки масло од лаванда со основно масло, како што се кокос, јојоба или маслиново, и нанесете на кожата – слепоочници, зад увото, на челото или зглобот – и одморете на некое удобно место, овозможувајќи опојните мириси целосно да ве освојат. Наскоро ќе почувствувате наплив на олеснување и релаксација.

Го подобрува варењето на храната

Ова масло за ароматерапија е познато по својата способност да релаксира и смири, но ако додадете од него мала количина во чај, кафе или вода, може да ги решите практично сите проблеми со варењето, а со тоа и стомачните проблеми.

Го забрзува растот на косата

За сега, нема многу истражувања кои го поддржуваат ова тврдење, но производите со слични антибактериски својства генерално го промовираат растот на здравите клетки и ја подобруваат циркулацијата на фоликулите.

Совршен зачин

Без разлика дали сакате да подготвите сладок или сочен специјалитет, маслото од лаванда ќе ви го зачини секој оброк на совршен начин, додавајќи цветен вкус што ќе го однесе на ново ново ниво. Но, не користете повеќе од една супена лажица.

Смирувачки делува на акните

Антибактериските и антимикробните својства на маслото од лаванда можат да помогнат во лекување и смирување на акните, особено на оние ненадејни и несакани ефекти. Измешајте неколку капки масло од лаванда со базно масло и исчистете ги порите, намалете го црвенилото и намалете ја иритацијата со нанесување на лицето по внимателно чистење.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТексас во боја: облека и додатоци во живописни бои се хит на пролетта!
Следна објаваКапсула гардероба: 20 парчиња се доволни за да бидете секогаш во тренд!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ