„Carpe diem“ има сосема поинаква конотација од кога наидовме на глобалната пандемија, нели?
Но, ако научивме нешто во изминатата година тоа е дека сме опкружени со неизвесност и неочекувани пресврти повеќе отколку што би сакале и затоа е важно да не застануваме да правиме планови, туку да започнеме да се однесуваме поинаку во согласност со времето што го имаме.Дали ова звучи како нов предизвик што сакаме да си го поставиме на самите себе? О да! Да го наречеме #MakeDayUnforgettable и да се препуштиме на посебното секојдневие што секој од нас може да го создаде.
Создадете нови спомени
Еден од концептите кој може да ни помогне да ги подобриме нашите животи секој ден е источната филозофија „еден живот – една можност“. Ако ова го примениме во нашето секојдневие, сфаќаме дека сме опкружени со толку многу можности да доживееме нови искуства и да создадеме нови спомени.
Бидете свесни за малите нешта што ве прават среќни, без оглед дали станува збор за сончево утро што го поминувате на прошетка и пиејќи го омиленото кафе или станува збор за дружење со пријатели кои не сте ги виделе одамна и не заборавајте да ги овековечите ги со фотографија – барем за вашата приватна архива.
Уживајте во тивкото маало, звуците на градот и сцените кои ви поминуваат во текот на денот.
Наместо да легнете во фотељата пред да одите во кревет и да ја гледате целата сезона на серијата, излезете и шетајте наоколу.
Пронајдете хоби кое ја буди вашата креативност!
Живеењето во дигиталното време само по себе нè охрабри да бидеме креативни – само запомнете колку време вложувате во подготовка на објавите за вашите социјални мрежи …
Читајте и пишувајте … многу!