Дизајнерот кој често го менува модниот систем во согласност со неговите најнови идеи, Демна Гвасалија, повторно делува решително и радикално.

„Кога започнав да работам на оваа колекција“, објаснува Гвасалија, „им реков да ми покажат само еколошки ткаенини. Не сакав да видам ништо друго “.

Значи, сè, од розевиот дуксер GAY Pride до драматичниот црн фустан со паф ракави, е изработено од рециклирани и други сертифицирани еколошки материјали. Ова е огромен успех за влијателен бренд како Баленсијага, еден од најголемите играчи во светот на модата со импресивен обем на деловна активност.

Генерално, Гвасалија продолжува со исто темпо – големи пропорции и уличен стил – но секогаш наоѓа нови начини да ги направи интересни.

Колекцијата е исполнета со големи дуксери, цветни фустани, рециклирана кожа и тексас и гломазни јакни. Централното место го заземаат бундите кои изгледаат како „крзно“, но не е ниту природно, ниту лажно. Бундите од новата колекција се резултат на стотици часови сечење на рециклиран памук.

По повод колекцијата беше претставено видеото „Чувствувај се добро“, изработено од слики за кои е научно докажано дека предизвикуваат позитивни емоции.

Уживајте во видеото, а парчињата од новата колекција можете да ги видите во галеријата со фотографии.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОсвежете го вашиот пролетен изглед со зелена торба!
Следна објаваМали совети како да го направите секој ден незаборавен!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ