Заштитните маски за лице кои веќе втора година задолжително ги носиме поради светската пандемијата, започнаа да стануваат глобален проблем за околината и нејзиното загадување. Повеќето маски се направени од синтетички материјали, кои се тешко разградливи, а со тоа и проблемот со нивното уништување станува се поголем.
Мариане де Гроп (Marianne de Grop) е холандска дизајнерка која дошла на идеја да создаде маски произведени од целосно биоразградливи материјали кои содржат екофрендли семиња.Откако се носи маската, таа не се фрла туку се сади во земја од која потоа никнува растение.
Маските Марие Би Блум (Marie Bee Blooms) се рачно изработени и пружаат 100% заштита како и сите други медицински маски. Рачките се изработени од овча волна. Во услови во кои земјата планета буквално се ”дави во смет” ова е една од позитивните приказни кои би требале да бидат повеќе на број.