Сите претпоставуваме како изгледа луксузниот живот на богатите и славни деца, но многумина немаат видено што луксузот всушност значи …

Благодарение на социјалните мрежи, имаме можност да sирнеме во животот на најбогатите. Син на богат човек од Русија, ја напуштил својата родна земја за да патува низ целиот свет, после кое, на сосема поинаков начин ги гледал своите врсници и пријатели. Тој бил фасциниран и заинтригиран од гламурот и снобизмот кој гo видел во нив, па дошол до идеја да објави профил на Инстаграм, наречен richrussiankids.

На овој профил на Инстаграм можете да видите сè – крзнени палта од визон, јахти, шампањ, импланти, козметички операции, автомобили и сè друго. Девојки во најмодерна скапа гардероба, млади мажи со пријатели на приватни јахти, чудни миленичиња и сè друго.

Од оружје до фотографии со многу пари, најскапи јадења и модни додатоци, сè можете да видите тука. Сигурни сме дека после овој профил ќе имаме можност да ги видиме богатите деца на Дубаи, Кина, а можеби дури и на Египет или Сирија… затоа што, на крајот на краиштата, нивното богатство ќе привлече најголемо внимание сега, во време на војна, економска криза и сите други невољи кои го снајдоа тој дел од светот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОваа пролет одлучете се за пантолони со цветен мотивц!
Следна објаваУспешни 6 комбинации на бои кои ќе ги носиме оваа пролет!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ