Пролетта пристигна, барем на календарот, а нашата гардероба логично се движи по слична бранова должина …

Чувствуваме потреба да ја оставиме настрана црната, кафената и сива боја и да додадеме доза на позитивна енергија на нашиот стил. Оваа пролет, потребно е малку храброст за смели комбинации на бои кои, барем малку, ќе не извлечат од комфорната зона, давајќи ни инспирација да експериментираме.

Ние ги проучувавме стиловите на sвездите на уличниот стил и избравме комбинации на бои кои нè натераа да кликнеме на прв поглед или затоа што изгледаа шарени, но  и поради хармонијата која ја емитуваат.

Можете да користите парчиња кои веќе ги имате во вашата гардероба, но овој пат обидете се да ги комбинирате на поинаков начин.

Погледнете ги предлозите во галеријата со фотографии!

Жолта + сива

Пантон ги истакна светло жолтите и сивите нијанси како бои на 2021 година, па тоа е доволно за да ги интегрираме во нашиот стил. Резултатот има софистицирана, но и апсолутно модерна естетика.

Јоргован + крем нијанса

Нежна комбинација која на прв поглед мириса на пролет, а која го привлече вниманието на фотографот на последната модна недела во Париз. Јоргованот и бојата  слонова коска дишат со уникатна смиреност кога коегзистираат во еден стајлинг.

Неонско зелена + темен тексас

Доволно е само да ги погледнете профилите на инфлуенсерите за да видите дека неон-зелената боја е смела нијанса за пролет, како во облеката, така и во модните додатоци. Бидејќи оваа боја сака да биде главен лик, потребна е основна комбинација, како што е облека од темен тексас.

Сина + портокалова

Две светли бои од различни групи кои кога ќе се сретнат, создаваат смел контраст кој нè исполнува со оптимизам. Токму тоа го сакаме оваа пролет.

Розева + зелена 

Комбинација која не ви паѓа лесно на памет, но кога ќе ја видиме на улица заклучуваме дека е успешен рецепт за модерен стајлинг.

Неутрални + пастелни тонови

Земјените тонови имаат место во нашиот стил секоја сезона, но колку и да сакаме тотален неутрален изглед, ние сакаме нијанса на боја која додава живост на изгледот, а пастелните сини нијанси ја преземаат оваа улога.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСо што руските богати “клинци” го налутија светот!
Следна објаваМладите уметници од Струга со свој допринос за чиста животна средина
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ