Чистата животна средина е во интерес на сите граѓани на нашата земја, а секојневната грижа за нејзино зачувување треба да стане дел од нашето секојневие и тоа со личени заеднички придонес од сите подеднакво.

Уметничкото атеље ‘НЕСТОР’ од Струга кое го предводи младиот уметник Милко Несторовски во соработка со граѓанската иницијатива ‘Награда за Чиста Струга’ започнаа да организираат ликовни натпревари на месечно ниво за деца и ученици на возраст од 6 до 15 години да изработуваат уметнички дела со мотиви од нивниот убав град.

Изборот на делата ќе биде поделен во две категории и тоа од 6 до 10 години и од 11 до 15 години. Секој млад уметник ќе биде во можност да приложи по едно дело месечно секој нареден месец. Сите деца/уметници ќе добијат сертификат за учество на крајот од натпреварот и ќе можат да си подигнат своите дела после изложбата. 

 

Пријавените слики за овој месец како дел од акцијата за чиста Струга.

Асуман Дурсун, (8 години)

Иларија Гулеска, (9 години)

Поем Пошка, (8 години)

Енџи Пошка, (7 години)

НЕМА КОМЕНТАРИ