Појадокот е најважниот оброк во денот …

Денот го започнуваме со него, затоа е важно да му обезбедиме на телото доволно енергија која не придвижува и со која можеме да одговориме на предизвиците што ги носи денот кој следи пред нас.

Од оваа причина, важно е да јадете нешто здраво, а за вас избравме 2 вкусни, а воедно и здрави појадоци чие време на подготовка е многу кратко, така што тие се идеални варијанти на појадок.

Домашна гранола

Гранола, односно домашен и здрав мусли, е одличен избор за сладок појадок. Гранолота се прави многу лесно дома, а е многу поздрава верзија од купената затоа што нема шеќер, адитиви или конзерванси. Потребни ви се само овесени снегулгки, мед или јаворов сируп, маст од кокос, а во смесата можете да додадете ореви по желба, суво овошје, ленено семе или чиа, кокос, зачини како цимет или каранфилче.

Ставете ја подготвената смеса во рерна и откако ќе се испече и излади, скршете ја на парчиња со големина на лешник. Одлично е што подготвената гранола може да ве трае неколку денови, така што веќе имате подготвено појадок за неколку дена. Гранолата може да се меша со млеко, јогурт или овошен јогурт.

Тост од авокадо

Солената верзија на појадок може да биде во форма на тост од авокадо.

Авокадото е калорична храна која навистина може да нè исполни со енергија за целиот ден. Сè што ви треба за да направите тост од авокадо е половина авокадо и зачини кои ги сакате.

За поздрава верзија на тост со авокадо, можете да користите крекери од ориз наместо леб-тост. А, ако само тостот од авокадо не ви е доволен, можете на врвот да додадете јајце.

 Чаша јогурт оди добро со тост од авокадо.

Јајца на сите начини

Постои позната изрека „секое утро едно јајце му дава сила на организмот“ во која има вистина.

Јајцата се многу хранлив, здрав и фин појадок. Можеме да ги подготвуваме на различни начини, варени, пржена кајгана … Освен што се здрави, јајцата се подготвуваат многу лесно, потребни ни се само неколку минути за да ги подготвиме. Нивната предност, исто така е што можеме да им додадеме скоро сè што имаме во фрижидерот од зеленчук, сирење, салама …

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШик комбинации со жолта боја!
Следна објаваНајубави фистани на преклоп за пролет 2021!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ