Македонското традиционално филигранско творештво е уникатна техника која е карактеристична и добро препознатлива за нашето поднебје. Овој редок занает бара огромна доза прецизност во изработка на деталите, многу љубов и трпение при самата изработка. Во филигнранството најчесто можат да се сретнат елементи од нашата фолклорна традиција како што се парчиња накит, токи, обетки… Уметноста на изработка на филигрански форми со конец од срма е прилично нов вид на израз. Вакви ракотворби изработува Јулијана Јакимовска во своето атеље.

-Како вековна традиција во Македонија, филигранот е можеби една од најстарите уметнички форми. Кажете ни како се одлучивте за овој вид на уметност.

► АН-ЈУ АТЕЉЕ како активна членка е дел од Занаетчиската комора и успешно функционира од 2009 год. Рачната изработка за мене не е нешто ново. Пред ‘АН-ЈУ АТЕЉЕ’ низ раце ми се пројдени многу техники кои во ниту една не ме остварија во мојата бесконечна креативност. Затоа и најдолго и најуспешно се задржав на изработката на слики од срмен конец. Нашето културно традиционално богатство беше првично тоа што ме привлече да започнам со оваа техника со тоа и токму тие мотиви беа и мои први дела.Со текот на работата ,идеите за нешто ново сами доаѓаа една по друга.

-Кои мотиви преовладуваат во вашите дела, и колку врме е потребно да се изработи едно уметничко дело.

  • Покрај етно мотивите доста се застапени верските симболи и модерните теми изработката на лого за фирми,имиња.. Во зависност од форматот и мотивот изработката може да биде со часови но и со денови.Сепак долгогодишната работа,посветеност и оргиналност влијае да тоа биде навремено сработено и испорачано.

– Јулијана, какви се вашите впечатоци, дали филигранската уметност станува популарна надвор од границите на Македонија. 

  • Секако.Тоа ни го пакажува и праксата.Многу често посетуваме и Handmade базари надвор од Македонија .Интересот за оваа техника е голем,препознатлива за нашата земја,уникатна и со воодушевување пристапуваат.Се остваруваат контакти кои веќе со години траат.

Рачно изработените слики од филигран од срма на Јулијана Јакимовска се уникатен додаток кој ќе го краси вашиот дом. 

Изберете безвременски подарок од Атељето ‘АН-ЈУ’

НЕМА КОМЕНТАРИ